1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Преку 2000 жртви на невремето во Бангладеш

*

Тропската бура „Сидр“ во Бангладеш однесе повеќе од 2 илјади човечки животи. Хуманитарни организации и властите на земјата страхуваат дека бројот на жртви натамошно ќе расте. Спасувачки екипи се’ уште ни не стигнаа во многу делови на земјата зафатени од бурата. Без покрив над главата останаа повеќе стотици илјади луѓе. Германското министерство за надворешни работи во меѓувреме ја наголеми помошта за настраданите на 500 илјади евра.