1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Преку Шпанија во полуфинале

За Германците денеска важи „се‘ или ништо“! Пред четвртфиналниот меч против Шпанците на Светското првенство во ракомет, тимот на Мартин Хојбергер верува во победа.

Натпреварот против Шпанија се игра во Сарагоса, во 19 часот по средноевропско време. Со победа против фаворизираните домаќини, германската репрезентација би можела да се пласира во полуфиналето, што би бил првпат по таканаречената златна зимска приказна од 2007 година. Доколку биде поразен, германскиот тим ќе се врати дома веќе утре (24.01). Но во такво нешто не верува ниту еден од играчите. Тие се оптимисти. Капитенот Оливер Рогиш очекува супер игра: „Нема што да загубиме. Ако играме добро и загубите никој нема да ни се лути. Ако победиме ќе бидеме јунаци. што има поубаво од тоа?“

Германскиот тим доби на самоувереност низ досегашните натпревари на Светското првенство. Победена беше дури и Франција со 32:30, а во осминафиналето против Македонија германските ракометари остварија суверена победа од 28:23. „Во меѓувреме знаеме дека може да се снајдеме против најдобрата одбрана на светот и против секој напад. Тоа ни создава добро чувство“, вели Михаел Хас.

Ваквото „добро чувство“ германските ракометари го изградија со страст, ентузијазам и пред се‘ - тимски дух. „Знаеме дека немаме супер ѕвезди, но ние сме супер тим“, вели голманот Силвио Хајнефетер.