1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Преку Шведска до финалето

Во досега невидена еуфорија Германија го очекува осминафиналниот натпревар на својата репрезентација против силната скандинавска екипа

default

Ние сме апсолутно уверени , дека позитивно ќе ја завршиме сета оваа тешка работа и оти ќе победиме на натпреварот. За се друго нема никакво место во нашите глави.

Со вакво убедување Селекторот на германската репрезентација Јирген Клинсман го дочекува првиот осминафинален меч на Мундијалот , меѓу домашната репрезентација и Шведска, кои денеска играат во Минхен

Впрочем со него се согласува и речиси секој Германец кој ќе го сретнете денеска со маичка, шал или знаме на националниот тим , во баровите ,рестораните , пред големите платна на плоштадите . Фудбалската треска не знае за граници или можеби тоа е не е докрај точно .

Границата е Берлин и финалето...

Во вториот денешен осминафинален натпревар- вистинска латиноамериканска класика . Во 21 часот во лајпциг, репрезентациите на Аргентина и Мексико ќе ја започнат трката за пласман меѓу 8-те најдобри екипи на првенството.