1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Преку фудбалот-работни места за Германците

Светските фудбалски првенства се големи настани поврзани со многу инвестиции, како изградба на стадиони, но и сообраќајни патишта. Овој пат во Јужноафриканската Република многу профитираат и германските фирми.

default

Јужноафриканската Република врши огромни инвестиции, само за Светското фудбалско првенство се потрошени повеќе од три милијарди евра. Кон тоа доаѓаат инвестиции во областа на транспортот и енергетскиот сектор кои, заклучно до 2014 година, ќе достигнат околу 20 милијарди евра. За германските фирми исплатлив бизнис, вели Хајко Швидеровски од Германската индустриска и трговска комора, ДИХК: „Германските претпријатија најпрво профитираа од проектите директно поврзани со Светското фудбалско првенство, во прва линија изградбата на стадионите и инфраструктурата околу нив: паркиралишта, пристапни патишта. Освен тоа, тие профитираат и од проектите кои генерално ја подобруваат инфраструктурата во Јужноафриканската Република, како енергетското снабдување.“

Етаблираност во Јужноафриканската Република

Германската индустриска и трговска комора го проценува германскиот удел во овие инвестиции на 1,5 милијарди евра, преку кои во Германија се отворени или осигурени околу 15 илјади работни места. Хајко Швидеровски гледа две причини за успехот на германските фирми на тендерите: „На германските фирми им оди во прилог релативно свежото искуство со Светското фудбалско првенство во Германија во 2006 година. Второ, тоа што многу германски претпријатија веќе одамна се етаблирани во Јужноафриканската Република, тука би го споменале ’Сименс’. Овие фирми имаат развиено чувство за вклучување на јужноафрикански фирми при учеството на јавните тендери. Со тоа, голем дел од проектите останува во рацете на јужноафриканските партнери.“

Flash-Galerie deutsche Fußballkapitäne

Профит за Германците преку инвстициите во Јужноафриканската Република

Тенденцијата на јужноафриканската влада во оваа насока се гледа од условите кои ги пропишува при доделувањето тендери: „Типично за јавните конкурси во Јужноафриканската Република, на кои победиле странски фирми. Владата има обѕири кон јужноафриканските фирми во максимална можна мера, со што треба да се обезбедат работни места во земјата. При изградбата големи стадиони, чија вредност надминува 400 милиони евра и во голем дел се конципирани од германски претпријатија, постои висок процент на учество на јужноафрикански фирми.“

Значаен економски импулс

Огромните инвестиции би можеле да бидат исплатливи за јужноафриканското стопанство. Марко Багел, економски директор на Постбанк, верува во значаен економски развоен поттик: „Поаѓаме од тоа дека во Јужноафриканската Република ќе имаме развоен импулс од речиси четири милијарди евра при вкупни инвестиции од 40 милијарди, што е околу 1,9 проценти од брутовнатрешниот производ на земјата. Тоа е многу повеќе од ефектите кои ги имаше во Германија со Светското фудбалско првенство.“

Прашање е сепак кој ќе профитира од економскиот поттик. Според медиумите, многумина работници ангажирани на градилиштата поврзани со фудбалското првенство добиваат плати помали од законскиот минимум. Секој четврт Јужноафиканец е невработен, а богатството е многу неправедно распределено. Во најбогатата држава на континентот, според ОН, секој четврт човек живее во сиромаштија.

Автор: Андреас Бекер/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска