1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Преку спорт до нормален живот

Голем број од младите лица со инвалидитет се плашат да спортуваат. Пливачката Елке Борхарт е позитивен пример за совладување на стравот. Ни самата не била свесна колку потенцијал крие нејзиното тело.

Елке Борчард спортот го доживувала како нешто што предизвикува среќа кај останатите. Од раѓање, десната нога и‘ била пократка од левата. Минала преку 40 операции. Во болница се задржувала и до шест недели, а се случило да остане и рекордни пет месеци. На крајот и‘ се здрвил зглобот на десното колено. Слободното време го усогласила со своите телесни ограничувања: свирела виолина, сликала, пеела ... Спортувањето и брзите движења за неа биле незамисливи.

Како риба во вода

Кога зборува за својата животна приказна, Елке изгледа прилично нервозно - се смее, но и се чуди. Оваа 18 годишна девојка е симбол на младите спортисти со инвалидитет. Елке Борхарт го посетувала училиштето „Карл- вон- Лине“ во берлинската област Лихтенберг. Училиштето брои 420 ученици, неколку стотини педагози и медицински лица, а во него е најголемиот центар за телесен развој и моторички способности во Европа. Во летото 2009. година учителките ја натерале Елке да тренира пливање. На почетокот имала тешкотии, но пливала добро. Како што минувало времето, се‘ повеќе напредувала. Една година подоцна, со своето училиште, учествувала на натпреварот „Младите тренираат за

Behindertensport für Jugendserie

Елке Борхарт (втора од лево)

Параолимписките игри”. Нејзиниот тим победил во финалето.„Не можев ни да замислам дека во мене се крие толку голем потенцијал. Моето колено е вкочането, но сепак можам да спортувам”, вели Елке Борхарт.

Кога Норберт Флајшман ќе слушне ваков тип на приказни, знае дека неговиот ангажман се исплател. Со своите 62 години, тој е раководител на спортската организација наменета за млади со инвалидитет. Од средината на деведесетите години, Флајшман е организатор на натпреварувањето „Младите тренираат за Параолимписките игри”. Се раководи по примерот на „Младите тренираат за Олимпијадата”, најголемото спортско натпреварување на светот, на кое учествуваат 800.000 деца и младинци од различни спортски школи. Откако германската железница станала главен спонзор на оваа манифестација, министерствата за култура на десет различни земји го поддржале овој проект. „На почетокот, финансиските трошоци беа на сметка на нас, доброволците”, вели Флајшман.

Воодушевеноста се пренесува и кај родителите

Биргит Флуг, учителката во берлинската школа „Карл- вон- Лине“, вели дека спортот на децата им нуди враќање во нормален живот. Воодушевувањето кое се забележува кај децата, се пренесува и кај родителите. Речиси 620.000 деца, младинци и луѓе со инвалидитет се занимаваат со спортски активности во 5.800 спортски клубови и здруженија.

Од 2009 та година, во Германија на сила стапи конвенцијата на Обединетите Нации посветена на правата на лицата со инвалидитет.

Но, ќе треба уште време да се спроведе целосно. Имено, во Германија, регуларно се школуваат помалку од десет проценти од вкупниот број ученици со инвалидитет, за разлика од Норвешка или Португалија каде тој број е далеку поголем (19 проценти).

Елке Борхарт е искулучок. Како најбрза пливачка во своето училиште, таа е предложена да биде дел од берлинскиот олимписки центар во кој тренираат пливачи со и без инвалидитет. Следните Параолимписките игри, исто како и Олимписките, ќе се одржат во Рио де Женеиро 2016-та година. Неостварен сон за Елке е да учествува на Параолимпијадата. Но, и да не успее да се квалификува, таа преку спортот открила што се крие во нејзиното тело.