1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Преку социјалните мрежи до подобро здравје

Социјалните медиуми станаа секојдневие во медицината. На пример пациенти преку Фејсбук имаат увид во залихи на лекови. На самитот на СЗО социјалните мрежи беа многу важна тема

Во многу африкански земји, дури и излечиви болести како што е маларијата, често не можат да бидат лекувани. Медикаменти постојат но тие не им се достапни на луѓето на кои им се потребни, бидејќи аптеките и здравствените установи ги немаат во залиха.

Во летото 2009. година, неколку африкански невладини организации покренаа кампања за следење на таквите недостатоци од лекови, таканаречени сток-аут. За само пет дена во Кенија, Малави, Уганда и Замбија беа идентификувани повеќе од 250 сток-аути на лекови од суштинско значење.

Акција која брз вроди со плод

Screenshot stopstockouts.org

stopstockouts.org

Притоа доброволци биле замолени да ги проценат залихите на лекови и добиените резултати преку СМС порака да ги испратат до основачот на платформата „stopstockouts.org“. Тука врз основа на тие податоци е направена своевидна мапа, која на интернет им е достапна на сите. На неа се гледа на кои локации се достапни определени лекови и во колкави количества.

„Пред овие акции властите често говореа дека нема сток-аут“ , истакна Дауди Вере во обраќањето на Светскиот здравствен самит (20-22 октомври) во Берлин . Тој работи во Најроби за компанијата Ушахиди и помага во развој на софтверот врз основа на кој функционира интернет порталот stopstockouts.org . „ Можевме да ги соочиме со факти, а потоа се разговараше за причините. Дали се проблем парите, испораката или дистрибуцијата“, додава Вере.

Краудмепинг (Crowdmapping) е принцип врз основа на кој функционираат проекти како stopstockouts.org.. Концентрација на информации кои се важни пред сѐ кога станува збор за јавниот здравствен сектор.

Искуство со катастрофи

По земјотресот на Хаити во 2010. година, една платформа која настана врз основа на софтверот на Ушахидис направи преглед на тоа на кои местата во земјата им е потребна колкава и каква помош. Притоа беа собрани повеќе од 40 илјади поединечни извештаи од пациенти и волонтери на теренот.

По катастрофата во Фукушима во 2011. година , слична интернет страница sinsai.info, информираше меѓу останатото и за радиоктивното зрачење во регионот. Дури и амбасадите и органите на власта укажуваа на тој интернет сајт.

Во Гуанџу во јужна Кина пак постои интернет платформа која едуцира за полово преносливите болести, како СИДА а посебно е наменет за мажите хомосексуалци.

Опасност: Социјалните медиуми шират гласини

Според актуелните истражувања 75 насто од луѓето родени околу 2000. година ги користат социјалните мрежи. Една третина од нив повеќепати дневно ги проверува Фејсбук, Твитер и сличните социјални медиуми. „Здравје“ и слични термини спаѓаат во најчесто бараните зборову во интернет пребарувачите. Тоа е огромен потенцијал, кој има и добри но и лоши страни. Бидејќи преку социјалните мрежи можат да се прошират невистини и да организираат и протести. На пример во 2003. година , пет држави во северна Нигерија, ги бојкотираа вакцините против полио од верски или политички причини. Дезинформацијата гласеше- Западот сака да ги стерлизира луѓето. Тоа потраја околу една година а за тоа време вирусот можеше непречено да се шири.