1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Преку ноќ отпуштени стотици полицајци во Анкара

Корупцискиот скандал во Турција незапирливо се шири во сите пори на општеството, а преку него и пресметката меѓу политичките елити. Синоќа (6.01) во Анкара биле отстранети од работа околу 350 полицајци.

Околу 35 турски полицајци биле отстранети од своите работни места во текот на ноќта во главниот град на Турција, Анкара,во најголемиот поединечен ваков случај во земјата по откривањето на корупцискиот скандал, јави Си-Ен-Ен Турк.

Стотици полицајци веќе беа отпуштени или добија прераспоредување низ земјата откако беше откриен големиот корупциски скандал на 17 декември минатата година. Во аферата досега се уапсени десетици луѓе, меѓу нив и познати бизнисмени, како и синови на министри во владата на исламистичката АКП, кои во меѓувреме поднесоа оставки на функциите.

Околу 250 луѓе, кои доаѓаат надвор од Анкара, биле поставени на местата на отстранетите полицајци, и тие од денеска ќе ги преземат нивните должности во контролата и регулирањето на сообраќајот, како и во локалните региони.

Во полицијата во Анкара засега одбиваат да го коментираат случајот.