1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Преку кредитни картички украдени 200 милиони долари

Американската полиција открила криминална мрежа која преку фалсификување идентитети и кредитни картички украла околу 200 милиони долари.

default

Против 18 лица во САД поднесена е кривична пријава за кражба на податоци од кредитни картички во една од најголемите откриени меѓународни измами во која се украдени најмалку 200 милиони долари.

Уапсените се дел од криминална мрежа која, користејќи лажни податоци, успеала да стигне до големи суми пари, наведуваат американските власти.

Федералното истражно биро наведува дека уапсените почнале со измамите во 2007 година користејќи софистицирана шема, притоа делувале во 28 американски држави и префрлале пари на сметки во САД, Канада, Романија, Кина, Јапонија, Пакистан, Индија и Обединетите арапски емирати.

Групата, користејќи најмалку седум илјади лажни идентитети, дошла до податок од повеќе од 25 илјади кредитни картички. Истрагата досега утврдила дека биле украдени 200 милиони долари, но се стравува дека конечната сума е далеку повисока.

Членовите на групата живееле луксузен живот, поседувале скапоцени автомобили, облека и електроника. Со дел од парите од криминалните активности било купувано злато кое потоа било складирано во странство. Голем дел од обвинетите во изминатите пет години воопшто не биле вработени. Истрагата на полицијата траела околу година и пол.