1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Преку интернет полесно се учи и се стекнуваат пријатели

На универзитетите во Германија студентите доколку сакаат да објават нешто тоа го прават на класичната огласна табла. Меѓутоа, на оваа долгогодишна и традиционална навика сега интернет комуникацијата и’ става крај.

default

Денес се негуваат „онлајн“ и „офлајн“ пријателства и секој има своја мрежа во реалниот и виртуелниот свет

Вивиана Усме од Колумбија нејзините први пријатели во Франкфурт ги запозна сосема класично, за време на предавањата на „Подготвителната настава за странските студенти“. Речиси сите странци, пред да почнат да студираат во Германија, исто како и Вивиана, мора да посетуваат ваква настава. Дури потоа таа ќе може да се запише на некој универзитет во Германија. Една година таа треба да докаже дека добро го познава германскиот јазик и стручно да се подготви за насоката на студии што ја посакува.

Вивиана Усме за време на подготвителната настава запозна голем број идни студенти со слични интереси. „На почеток беше тешко, бидејќи сум срамежлива и се дружев само со една Колумбијка, која ја посетуваше истата настава. Но, со текот на времето стекнав повеќе пријатели. Сите сме на исто јазично ниво, најчесто ги поставуваме истите прашања и си помагаме едни на други“, објаснува Вивиана.

Wochenrückblick KW 39 Symbolbild zur Internetsucht Flash-Galerie

Пред пет години на универзитетите имало предавања за користење на интернет. Денес тоа е сосема непотребно

Учење преку Фејсбук

Меѓусебното помагање денеска се одвива преку Фејсбук. Студентите преку социјалната мрежа организираат групи за учење. Освен тоа, доколку некој студент има некакво прашање, тој го пишува на неговата страница исто како на огласна табла. Поканата, кој сака да оди вечерва во кино, се испраќа исто така преку Фејсбук до сите членови на групата. За Кристине Хартвиг-Тирмер, професор на подготвителниот семинар, ова е сосема нов развој во комуникацијата на студентите. На почетокот на нејзиниот професионален живот, пред 20 години, не можела да си замисли дека интернетот ќе биде толку застапен во секојдневниот живот на студентите.

„Во тоа време самата се обидував да дојдам до некакви информации и да видам какви можности нудат новите медиуми за наставата. Кога ќе ги прашав студентите, кој воопшто има пристап до интернет, едвај двајца од 20 студенти ќе кренеа рака. Денеска, можеби има само еден кој нема пристап до интернет“, вели Кристине Хартвиг-Тирмер.

Од 1992 година Кристине Хартвиг-Тирмер предава германски јазик на подготвителниот семинар во Франкфурт. Од тогаш до денес се сменија многу работи во комуникацијата на студентите. Пред се’ во односот со интернетот.

„Користењето интернет денеска стана само по себе разбирливо. Пред пет години имавме предавање на универзитетот за користењето на интернет. Денеска, тоа воопшто не е потребно. Нашиот курс има дури сопствен простор на Фејсбук за да може студентите да комуницираат меѓу себе.“

Flash-Galerie Wochenrückblick KW 34

Младите заеднички учат на Фејсбук

„Онлајн“ и „офлајн“ пријателства

Странските студенти во Германија на почеток се дружат во мали и затворени кругови. Воспоставувањето контакти со германските студенти им оди тешко. Дури во текот на студирањето тоа се подобрува, како на пример преку спортски манифестации, групи за учење или семинари. Во подготвителниот семинар во Франкфурт пријателствата се меѓународни, вели Шармин Реза од Бангладеш.

„Мојата најдобра пријателка од групата се вика Кадима. Таа доаѓа од Мароко, Солма е од Азербејџан, а пак, Јупи доаѓа од Индонезија“, објаснува Реза.

Покрај меѓународните пријателства, што Шармин Реза ги негуваа „онлајн“ или „офлајн“, таа има и мрежа од луѓе, кои доаѓаат од нејзината татковина и студираат во Франкфурт. Покрај тоа, таа преку интернет ги негува и пријателствата во нејзината татковина. Благодарение на социјалните мрежи се’ едно е дали си одалечен 9 минути или 9.000 километри од пријателите.

Автор: Бјанка вон дер Ау/ Бисера Огњановска - Митров

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина