1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Преку Виена до пласман на СП во Шпанија

Македонските ракометари со оптимизам го очекуваат реваншот со Австрија во бараж дуелот за пласман на Светското првенство. Австријците очекуваат помош од публиката за надминување на негативата од пет голови.

Македонските ракометари, вечер во Виена, против Австрија, го одиграат, реванш бараж натпреварот за пласман на Светското првенство, чиј домаќин наредната година ќе биде Шпанија. Пред една недела, на првиот меч кој се одигра во Скопје, Македонија забележа победа од 26:21.

Македонските ракометари со оптимизам отпатуваа во престолнината на Австрија, најавувајќи дека нема да ја бранат предноста, туку ќе се обидат да забележат уште една победа.

Капитенот Кирил Лазаров истакнува дека Австријците се одличен тим, но тоа не смее да биде алиби за евентуален неуспех. Тој најави игра на победа и покрај предноста од петте голови остварена во Скопје.

Sport Handball EM Schweden gegen Mazedonien

Помошта од македонските навивачи овојпат ограничена

Австријците, пак, во пресрет на натпреварот се оптимисти дека, со помош на публиката, можат да ја надополнат негативата. „Во сабота нема да има никакви оправдувања, ние треба многу да се подобриме да се фокусираме на натпреварот, да делуваме како екипа. Треба да ги сведеме на минимум техничките грешки и се надевам, дека со помош на публиката ќе успееме“, изјави за интернет страницата на Ракометниот сојуз на Австрија селекторот Петеркур Јоханесон. Натпреварот ќе се одигра во Алберт Шулц Хале, чии капацитет е 6.300 места, а ќе започне во 20:25 часот.

Покрај натпреварот Австрија – Македонија, денеска се играат и реванш натпреварите: Чешка – Русија (прв натпревар 22:23), Португалија – Словенија (26:31), Норвешка – Унгарија (21:27), Холандија – Исланд (27:41) и Црна Гора – Шведска (21:22).Утре играат: БиХ – Германија (24:36), Белорусија – Словачка (26:24), Полска – Литванија (24:17).