1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прекинот на огнот во Сирија се крши

Прекинот на огнот во Сирија не опстана ниту еден ден. Во главниот град Дамаск експлодираше автомобил бомба. Молкот на оружјето требаше да трае до в понеделник.

Во експлозијата што се случи вчера (26.10) загинаа пет лица, а повредени се десетици луѓе, извести државната сириска телевизија. Прекинот на огнот беше прекинат и претходно во многу делови на земјата.

Набљудувачката Oпсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека во текот на денот загинале 146 луѓе. Опсерваторијата своите податоци ги базира врз информации на активисти и лекари. Таа тврди дека вчера загинале 53 цивили, 50 бунтовници и 43 војници.

Инаку, вчерашниот ден беше прв ден од исламските празнувања по повод Курбан Бајрам. Страните вклучени во конфликтот, на иницијатива на специјалниот пратеник за Сирија Лакдар Брахими, се согласија со прекин на огнот до понеделник, кога празникот завршува. Исламистичката бунтовничка група Ал Нусра Фронт уште од почеток беше против прекин на огнот и јави дека нема да го почитува.