1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прекинат штрајкот во образованието

Синдикатот на образованието, науката и културата, СОНК и владата постигнаа согласност. Потпишани се новите колективни договори кои веднаш стапуваат на сила. Платите во овој сектор ќе се покачат дури од 1 јануари 2010 г.

default

Учениците се враќаат во училишните клупи

По четири часа преговори на претседателството на СОНК со ресорните министерства, постигната е согласност за барањата на Синдикатот на образованието, науката и културата. Претседателот на СОНК, Цветановски изјави дека од денеска започнува редовната работа во сите установи кои беа под штрајк.

Министерот за образование Стојановски и Цветановски доцна синоќа ги потпишаа колективните договори за основното и средното образование. Тие веднаш стапуваат на сила, освен одредбите за платите кои ќе се покачат дури од 1. јануари 2010 година.

„Мислам дека ги направивме најдобрите колективни договори досега во делот на образованието и мислам дека ќе бидат како еден урнек, како и на кој начин треба да се изготвуваат колективните договори“, рече Перо Стојановски, министер за образование.

Од јуни следната година просветарите ќе добиваат по 3.200 денари за хранарина која ќе им биде пресметана во платите, а до март следната година сите вработени на определено време ќе бидат пријавени со статус на неопределено. Ова се клучните точки на кои инсистираше СОНК. Штрајкот во образованието траеше осум дена.

Аудио и видео прилози на оваа тема