Прекинат штрајкот во Луфтханза | Свет | DW | 08.09.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прекинат штрајкот во Луфтханза

Синдикатот кој го претставува кабинскиот персонал на авиокомпанијата Луфтханза се согласи да го запре штрајкот и да преговара со менаџментот на компанијата. Вчера беа откажани две третини од сите летови на Луфтханза.

Кабинскиот персонал на Луфтханза се согласи денеска да се врати на работа во авионите, откако синдикатот УФО и менаџментот на компанијата се договорија до крајот на следната недела да најдат заемно прифатливо решение на спорот околу платите. Во барањето на решениетo треба да помогне и посредник меѓу компанијата и синдикатот. Штрајкот беше прекинат пред крајот на денот. Додека не се донесе одлука за арбитражата, веќе нема да има штрајк, соопшти синоќа уфтханза. Раководството на „Луфтханза“ ваквата одлука ја оцени како „огромен чекор“. 

Пресвртот се случи кога менаџментот се согласи повеќе да не вработува песонал на определено време, со што исполни едно од главните барања на синдикатот. УФО бара и зголемување од 5 проценти на платите, а Луфтханза нуди 3,5 покачување на месечните приходи.

Lufthansa Streik

Третиот штрајк по ред беше организиран на сите аеродроми во Германија

И вчерашниот штрајк предизвика хаос низ Германија. Луфтханза преку електронска пошта и СМС пораки информираше околу 55.000 патници дека нивните летови се откажани. Авиокомпанијата во просек дневно оперира на 1.800 летови.

Првиот штрајк се случи на аеродромот во Франкфурт, вториот на Тегел во Берлин и на аеродромот во Минхен, а вчерашниот трет штрајк беше организиран низ цела Германија. Кабинскиот персонал стапи во четвртокот на полноќ во 24 часовен штрајк. Штрајковите се последица на 13-месечните преговори на Луфтханза и синдикатот кој, освен зголемување на платите и запирање на вработувањата на евтина работна сила, бара и запирање на преместувањето на работните места во странство.