1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Прекинат меѓународен синџир за перење пари

Станува збор за фирмата „Либерти резерв“ од Костарика. Преку систем за плаќање базиран преку интернет во оптег се влеале милијарди долари од криминални активности, како на пример детска порнографија.

Правосудните органи говорат за најголемиот случај на перење пари на сите времиња. Преку меѓународно координирана акција против криминал на интернет американските истражни органи успеаја да разбијат мрежа за перење пари активна во целиот свет. Фирмата за трансфер на пари „Либерти резерв“ на криминалци им помогнала да исперат околу шест милијарди американски долари (4,7 милијарди евра) стекнати со бизниси со детска порнографија, трговија со дрога и измама со кредитни картички, соопшти надлежното државно обвинителство во Њујорк.

„Либерти резерв“ била „Банка за криминалното подземје“, се вели од страна на истражните органи. Според податоци на американското министерство за финансии фирмата била формирана единствено за тоа, да се овоможи перење на пари преку интернет.

Без контроли

Интернет корисниците кои еднаш се регистрирале на платформата на „Либерти резерв“ еврата и доларите преку дигинална валута наречена ЛР можеле да ги конвертираат и преку трти лица повторно да ги вратат во готовински пари. Сето тоа се случувало вон државните одреби. За разлика од банките, „Либерти резерв“ не подлежела на никави контроли од страна на финансиските надзорни органи.

Корисниците при отворањето на контата обелоденувале многу малку податоци за себе, кои „Либерти резерв“ по правило не ги проверувала. За клиентите било лесно да го задскријат својот вистински идентитет, објаснуваат истражните органи.

Основачот на фирмата уапсен во Шпанија

„Либерти резерв“ била основана ов 2006 година и во меѓувреме е затворена. Фирмата во целиот свет имала повеќе од еден милион корисници, 200.000 од нив во САД. Годишно, според сознанијата на државното обвинителство, биле спроведуване нелегални трансакции од околу дванаесет милиони долари.

Полицијата ги уапсила основачот на фирмата, Артур Б., неговиот заменик како и уште тројца осомничени во Шпанија, Костарика и Њујорк. Уште двајца други менаџери на фирмата во Костарика и на таму се на слобода. Сметките и интернет домените се конфискувани. Во случајот се вклучија истражните органи во 17 земји.