1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Презентација на приоритетите на Словенија како претседавач со ЕУ

Од почетокот на годинава видно се интензивирани контактите меѓу Македонија и ЕУ. Пред македонската Влада денеска презентација на словенечките приоритети.

default

Македонија на пат кон ЕУ

Словенечкото претседателство денеска во Скопје ги презенира приоритетите за шестмесечното претседавање со ЕУ пред македонската Влада.

Предвидено е во мандатот на Словенците, до јули да и бидат одредени осум критички точки на Македонија, кои земјата ќе ги отстрани за да може во ноемврискиот извештај на Комисијата да добие датум за старт на преговорите.

На презентацијата на словенечкиот амбасадор во Македонија, Ален Бергант, пред членовите на Владата, присуствува и европретставникот Ерван Фуере кој не се согласува со тезата дека ЕУ промовира двојни стандарди, и преку ред со Србија, која нема ниту кандидатски статус почнува преговори за укинување на визите.

„Она што и беше понудено на Србија ќе им биде понудено и на останатите земји до Балканот, постепено. Разговорите што со Србија ќе почнат неделава, со Македонија ќе стартуваат многу скоро. Не би можел да кажам точен датум, но скоро. Кога еднаш ќе почнат без сомнение ќе напредуваат многу брзо, поради сите напори кои Македонија веќе ги вложи за да биде на иста линија со европскиот визен режим – воведувањето на биометриските пасоши, интегрираното гранично управување, визниот центар што ќе биде промовиран во февруари при посетата на комесарите Рен и Фратини на Македонија се многу важни компоненети.“ изјави Фуере.

Утешително за македонската јавност прозвучи најавата на евро комесарот Франко Фратини кој во интервју за Дојче Веле кажа дека во февруари ќе почнат преговорите за безвисен режим со Македонија.

DW.COM