1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пред 60 години беше ослободен конц-логорот Бухенвалд

Во Вајмар денеска беше одбележана 60 годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Бухенвалд. Во логорот од 1937 до 1945 година беа интернирани околу 250 илјади луѓе од повеќе од 30 земји. Од нив, нацистичкиот терор не го преживеаја околу 56 илјади.

default

“На неправдата и насилството, на антисемитизмот, расизмот и непријателството кон странците не треба да им се даде никаква шанса. Сеќавањето на времето на националсоцијализмот, на војната и злосторствата стана дел од националниот идентитет. Тоа е обврска што останува“, рече на манифестацијата во Вајмар, на која присуствуваа голем број политичари и претставници на жртвите во логорот Бухенвалд, германскиот канцелар Герхард Шредер. Претседателот на Централниот совет на Евреите, Паул Шпигел рече дека по смртта на луѓето што живееле во тие времиња, штафетата на сеќавањето треба да се пренесе врз следните генерации. Само тоа гарантира, нагласи Шпигел, дека страдањето на жртвите во војната не било залудно. Премеирот на покраината Тирингија, Дитер Алтхаус,пак, предупреди дека требада се биде буден спрема секаква форма на екстремизам и тоталитаризам, како и кон нетолеранција и омраза кон странци. Најтемната глава од германската историја не смее да се повтори. Дури и ако неонацистите настапуваат поинаку денеска, тие остануваат неонацисти, рече Алтхаус.

На собирот во Вајмар говореа и поранешни затвореници во концетрациониот логор Бухенвалд. Дел од нив се сеќаваат:

“Јас сум болен уште од 1941 година. Една келија за четворица ја делевме 16 луѓе. Спиевме на бетон. Од тоа добив болести како проблеми со нервите, чиреви и реума. “

“Човек радо би заборавил , и песната “Бухенвалд не те заборавам“. Но за мојата генерација, за нас кои бевме овде, тоа едноставно не е можно. Тоа може да го направи само болеста со име Алцхајмер или едноставно смртта.“

По собирот во театарот во Вајмар, на местото каде што се наоѓал концентрациониот логор Бухенвалд денеска беа положени венци.