1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Пред Хоризонт се отвораат европските хоризонти

Хоризонт од Турново е годинешниот фудбалски хит во Македонија. На половина од фудбалскиот шампоионат, клубот од селото близу Струмица е еден од најсериозните кандидати за освојување на титулата.

Турново е село со 200 куќи, со број на жители, кој варира во зависност од периодот, бидејќи многумина во текот на годината се на работа во странство, па тешко е да се утврди точната бројка.Таа е некаде е околу 1000 души. Но, Турново е место, кое поради фудбалот станува се попрепознатливо. Клубот „Хоризонт“, формиран во 1950 година, деновиве предизвикува еуфорија. Ване Стојанов, до неодамна најпознатото македонско атлетско име е во својство на извршен директор на клубот:

„Во последниве 5 години се натпреваруваме во Првата македонска лига, од кои во последниве две се работи многу професионално и организирано. Така, овие успеси беа очекувани.“

Која е тајната на напредокот на Хоризонт? Стојанов вели, примарна е желбата за успех, но и добрата клупска организираност:

„Во клубот имаме категории на фудбалери од пионери до првиот тим. Се работи стручно, а луѓето кои го водат клубот пред себе имаат цели.“

Најфудбалско село во Македонија

Турново е матицата, главниот собирен центар за талентираните момчиња од целиот регион. Се помасовно посетените фудбалски школи, исфрлаат

Vane Stojanov Direktor FC Horizont Turnovo

Ване Стојанов, директор на ФК Хоризонт

квалитетни играчи, се изнедруваат и репрезентативци:

„Од сите категории на фудбалери на „Хоризонт“ имаме партиципација во репрезентативните селекции на Македонија. Двајца голмани во кадетските селекции, Ѓорќи Стоилов во младинската репрезентација,а Дејан Блажевски деновиве дебитираше и во А репрезентацијата на македонија во пријателскиот натпревар против Словенија. Го поканивме селекторот Чедомир Јаневски в недела да присуствува на дербито против Вардар, па би сакал да забележи уште некое име. Сето тоа само е потврда за доброто селектирање и квалитетното работење во нашиот клуб.“

Турново со капацитет и за Европа

По 15 одиграни кола, во трката за шампионската титула Вардар има бод повеќе од Хоризонт. Ване Стојанов зборува за резултатските амбиции во оваа сезона:

„Имаме респект за секој наш противник, бидејќи во македонското првенство секој секого може да победи. Се надевам дека на крајот од сезоната ќе бидеме на едно од првите 4 места на табелата,што значи излез во Европа. Тоа е нашата годинешна цел.“

Блажевски, Балдовалиев, Митрев, Панов, Димовски се предводниците на најуспешната генерација . Ги води тренерот Љупчо Димитковски. Пред Хоризонт се поизвесно е, се отвораат европските фудбалски хоризонти.Ќе има ли клубот капацитет да се соочи со меѓународниот натпреварувачки предизвик:

„Организациски ги следиме сите потребни стандарди за Европа, лиценцниот систем и финансиското работење, меѓународни ТМС трансфери...Останува само

Ljupco Dimitkovski Trainer FC Horizont Turnovo

Љупчо Димитковски, тренер на ФК Хоризонт

да продолжиме со добри резултати и Турново да стане дел од европските купови.“

Ване Стојанов истакнува, во подемот на Хоризонт свој удел има и големата поддршка од мештаните:

„Турново е многу мало место со само 200 куќи, но струмичката област е со голема љубов за спортот. Имаме поддршка од сите, се навива за нас , се поздравува секоја наша победа. А, тоа во моментов ни е многу важно!“- заклучува Стојанов

В недела, Турново одново ќе биде на нозе. Следи кулминација на фудбалската треска. Гостува Вардар! Стадионот, кој го носи името „Кукуш“, со капацитет за гледачи кој е поголем одошто е бројот на жителите на Турново, ќе биде центарот на македонските фудбалски збиднувања.