1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пред средбата Шредер - Буш

Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска ќе води получасовен разговор со американскиот претседател Џорџ Буш, по што следува заеднички ручек. Така е предвидено со термините. Дали тоа време ќе биде доволно за работите повторно да се вратат во ред, околу тоа се шпекулираше доволно пред посетата на Шредер. Канцеларот сепак во преден план ги става историските и актуелните заеднички елементи со супер-силата САД.

Во квечерината на средбата со американскиот претседател по двегодишна пауза, германскиот канцелар Герхард Шредер вчера говореше на трибината на Советот за надворешни односи во Чикаго, за потоа да одговара на прашањата од новинарите кои неизбежно ја допреа и темата Ирак. Тој повтори што се прави Германија на други места - во консолидацијата на состојбите во Авганистан и на Балканот - и постави реторичко прашање: дали мора секаде нешто да се нуди? Уште по говорот, на прашањето од публиката како ќе се однесува Германија ако НАТО биде повикан на акција во Ирак, Шредер одговори: "Ние решивме - и тоа се респектира од нашите партнери во американската влада - дека ние нема да учествуваме во Ирак со борбени трупи, не само поради ограничените ресурси, и тоа е став на владата. Меѓутоа, а и тоа е познато во Вашингтон, ние нема да спречиме мисија на НАТО". Шредер повторно укажа на претстојноата обука на ирачки полицајци од страна на германски експерти, како и на други мерки за поддршка. По пристигнувањето во Вашингтон, Шредер најави дека во никој случај во разговорите во Белата куќа теми нема да бидат само Блискиот и Средниот исток: "Секако најнапред ќе разговараме за состојбата на светската економија при што можностите на политиката, на пример, околу нивото на каматите, се многу ограничени или воопшто ги нема. Сепак, Германија и Америка имаат заедничка одговорност и тоа треба да се прифати. Ќе биде доволно ако ги разработиме заедничките ставови. Се наоѓаме пред самитот на Г-8 што ќе се одржи во САД, и на кој во фокусот ќе бидат економските и безбедносно- политичките прашања. За тоа ќе разговараме". Европа и Америка си се потребни една на друга и притоа не станува збор во прв ред за личности. Меѓу оние со кои ќе се сретне Шредер пред разговорите со Буш, се и демократски сенатори, меѓутоа не и со веројатниот предизвикувач на американскиот претседател, Џон Кери: "Прво, тоа не е дел од мојата програма, а второ, јас не сакам да се мешам во американската изборна битка. Ако сум овде гостин, тогаш сум гостин на американскиот претседател и со него ќе разговарам". За средбата со Буш се предвидени 30 минути, но не е исклучено да се разговара и за време на ручекот.