1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пред состанокот на НАТО –министрите за одбрана

Денеска и утре во Брисел се одржува средба на министрите за одбрана на 26-те земји членки на НАТО. Меѓу темите во фокусот мисијата во Авганистан:

Поради критичната состојба во јужениот дел на Авганистан, НАТО има намера цврсто да се придржува кон своите планови да го прошири мандатот на ИСАФ мисијата. Засега во неа учествуваат околу 9 илјади војници на земјите членки, но намерата е нивниот број да се зголеми на 16 илјади, а нивното подрачје на активност да биде пред се на југот од земјата. Регионот забрзано станува ново кризно подрачје. Од средината на минатиот месец во борбите со талибанските милиции загинаа преку 400 лица. Американскиот амбасадор во Кабул, Робрет Њумен, со оглед на сегашната ситуација, предупреди дека Талибанците ќе се обидат да го заплашат НАТО со терористички акции. Меѓутоа, алијансата цврсто останува на своите планови. Пред средбата на министрите за одбрана генералниот секретар Јап де Хоп Шефер јасно укажа:

„Новите трупи на НАТО се доволни, нивниот мандат е робустен и тие се во состојба да реагираат како што треба, ако некои сили се обидат да го нарушуваат демократскиот процес во Авганистан„.

НАТО планира во иднина да формира и мултинационална главна команда што би се менувала секои 12, место сегашните 6 месеци.

Формирањето нова НАТО мобилна единица пак, е во сенката на спорот околу парите. Министрите за одбрана на алијансата на средбата во Брисел ќе се обидат да постигнат согласност околу идното финансирање на таканаречената НАТО риспонс форс. Таа треба да има 25 илјади припадници составени од променливи единици на земјите членки. Ако се се одвива според желбата на генералниот секретар Шефер, оваа единици би требало да биде подготвена за акција во наредната есен.