1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пред новата рунда преговори со медијаторот Нимиц

Идната недела почнува нова рунда преговори за решавање на македоснко - грчкиот спор околу името. Доближување на позициите нема. На македонска страна постои консензус за двојната формула со што останува уставнотот име.

default

Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот во 12 годишните преговори околу името, за првпат разговорите со македонскиот и грчкиот амбасадор ќе ги води во Охрид и Атина. На тројката Нимиц – Димитров – Василикис ќе им се приклучи и шефот на македонската дипломатија. Во Охрид не доаѓа Дора Бакојани која преговарачите ќе ги дочека во Атина, а Антонио Милошоски не е повикан во Грција да замине со преговарачката тројка.

Откако Нимиц ќа ја заврши оваа рунда преговори во Брисел заминува македонскиот прмиер Никола Груевски каде ќе разговара за македонскиот напредок пред НАТО комитетот. Оттука натаму е речиси се познато. Решавањето на спорот со името не е киртериум за членство во НАТО, но Грција има право на вето. Македонската и грчката позиција не се доближени. Атина бара сложено име за Македонија и напуштање на уставното во меѓународната комуникација. Македонскиот државно – владин врв има консензус за понудата двоја формула со што останува уставното име.