1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пред комисијата во американскиот сенат – првпат водечки генерали во армијата

Видно погодени од големината на скандалот со измачувањата, кој се одвивал под нивна воена команда во Ирак, американските топ генерали во ирак, Рикардо Санчез и Џон Абизаид на прашањата на сенаторите одговараа речиси четири часа.

Генералите пред сенатската комисја

Генералите пред сенатската комисја

Многу од прашањата беа критички, како ова на сенаторот Линдзи Греам:

”Како можеше тоа да се случува толку долго и во толкави размери, без ние за тоа да знаеме?”

Џон Абизаид, врховен командант на американските сили во регионот, призна дека се направени големи грешки. Но, тој исто како генералот Рикардо Санчез, негираше дека кога било е дадена наредба за мачење или за нелегални методи на сослушување:

”Луѓето во исполнувањето на своите обврски потфрлиле. Нашиот систем потфрлил. Ние за тоа моравме да знаеме и тоа да го откриеме. Моравме да дејствуваме пред да се дојде до тука.”

Сосема нејасно остана цво колкава мерка се воените тајни служби одговорни за илегалните методи на сослушување и за кршењето на човековите права во затворот Абу Граиб. Одоговор на тоа треб ада даде посебен извештај од истрагата. Прашани зошто безбедносната состојба во Ирак и натаму е толку катастрофална, генералитеоризнаа дека се направени погрешни проценки. Состојбата можеби ќе биде ставена под контрола до јануари или април 2005 година.