1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пред комеморацијата во Аушвиц

40 државници и околу 10 илјади гости денеска во Аушвиц ќе се потсетат на 60 годишнината од ослободувањето на овој концентрационен логор.

Денеска се навршуваат 60 години од ослободувањето на Аушвиц

Денеска се навршуваат 60 години од ослободувањето на Аушвиц

На церемонијата во кругот на логорот во близина на Краков, освен поранешните затвореници, ќе присуствуваат и војници на Црвената Армија кои го ослободија Аушвиц на 27 јануари 1945 година. Германија ќе ја претставуваат сојузниот претседател Хорст Келер и министерот за надворешни работи Јошка Фишер. За манифестацијата се акредитирани преку илјада и 600 новинари од целиот свет. Комеморацијата ќе започне со сирена од воз: во преполните затворени вагони затворениците го пдоенсуваат ужасното патување до концентарциониот логор Аушвиц. Потоа, на таканаречените рампи, беа селектирани: на работоспособни и на оние кои веднаш беа праќани во гасните комори. Се проценува дека милион ипол луѓе биле убиени во логорот од страна на СС во Аушвиц и во надворешните логори Биркенау и Монвиц. Најголемиот број од нив беа Евреи, потоа Полјаци, Синти и Роми, воени затвореници од Советскиот сојуз и припадници на други националности.

Кога војниците на Црвената армија во јануари 1945 година стигнаа во близината на малото градче Освјенцим, во логорот имаше уште 8 илјади затвореници: сите други СС ги префрли во други логори, ги уби или во смртни маршеви ги испрати во правец на Германија. Шокираните руски војници подоцна раскажуваа дека нашле живи мртовци кои одвај можеле да сфатат дека се ослободени. Гасните комори и крематориумите СС претходно ги крена во воздух.

Двајца преживеани ќе говорат од нивното име: француската политичарка и Еврејка Симон Вејл која беше затворена во Аушвиц како дете и каде што почина нејзината мајка. Ќе говори и поранешниот полски министер за надворешни работи Владислав Бартошевски кој во 1940 година во рација на полски интелектулаци беше уапсен и неколку месеци мина во Аушвиц. Романи Розе, претседателот на централниот совет на германските Синти и Роми ќе зборува во спомен на убиените 20 илјади Синти и Роми во Аушвиц. Од 40-те државници што ќе присуствуваат на церемонијата ќе говорат само тројца: полскиот престедател Александар Квашњевски како домаќин, рускиот претседател Владимир Путин како претставник на тогашните ослободители и израелскиот претседател Моше Кацав од името на мнозинството еврејски жртви.

На комеморацијата ќе присуствуваат германскиот претседател Хорст Келер и министерот за надворешни работи Јошка Фишер. Келер ќе го посети логорот пред почеткот на манифестацијата и ќе разговара со германски и полски млади. На крајот од манифестацијата гостите ќе запалат свеќи во чест на жртвите.