1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пред демаркацијата на македонско - косовската граница

Во однос на демаркацијата на границата со Косово, Македонија смета дека тоа е техничко прашање, Приштина бара да се земат превид барањата на некои села за враќање на имот.

default

Тетово

За македонските власти одбележувањето на границата со Косово долга 130 километри е само техничко прашање. Во печатот на албански јазик овој месец беше пренесен ставот на македонското министерство за надворешни работи, дека демаркацијата треба да се реализира врз основа на спогодбата во 2001 година, што е депонирана во ОН и што исто така е дел од планот на Ахтирасри. Во еден од Анексите на тој план се нагласува дека спогодбата е валидна и дека воспоставената гранична линија треба само да се означи технички.

Но од другата страна на границата не мислат така. Во изминатите месеци некои од претсавниците на косовските власти и тамошни жители тврдат дека на македонска територија се наоѓаат наводно 2.500 хектари неправдано одземени од нив со спогодбата од 2001 година. Печатот на албански јазик цитира тврдења од месната задница во косовското село Дебалде дека од нив се приспоени 430 кехтари и дека тие се сега наводно припоени на атарот на македонското село Танушевци.

Жителите од тетовско Јажинце ги бараат своите ниви од другата страна на границата

Дојче Веле бележи случаи на уште едно село да бара да му се врати земјиште, на атарот кое се наоѓа на спротивната страна на границата, но овојпат се работи за тетовско Јажинце. Неговите 1.500 жители се жалат дека значителен дел од нивните шуми, ниви и извори се припоени кон соседното косовоското село Глобошица. Но според селаните од Јажинце тоа се случило по вина на Унпрофор, кои за свои потреби своевремено импровизирано ја маркирале границата со буриња.

Муарем Бакију претеседател на месната заедница во Јажинце вели: „За време на косовската криза тие буриња посетоеле овде во реонот на село Јажинце, а фактички границата е многу подалеку од тоа обележување што го стави Унпродоф“

Неговиот соселанец Екрем Шаќири нагласува „ Границата што сега е одбележана, одзема многу од нашето место. Имаме нива останата од таа страна од Косово, треба да излезе комисија и да ја поправи таа работа.“

Муарем Бакију вели дека сега бурињата ги нема но и дека долг појас со неколку хектари е надвор од македонската територија. „Постои историска архива за тоа и мислам дека тоа би требало со катастраки органи и со нашите луѓе што имале ниви да документираат и потоа да се дефинира границата.“

Уште пред две години претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски изјави дека границата не може да се одбележува според имтоните лиситови на граѓаните што живеат на едната страна, а имаат имоти на другата страна на границата