1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пред Брисел, консултации на Црвенковски со партиските лидери

Македонскиот претседател утре патува во Брисел. Црвенковски денеска во Скопје почнува консултации со претседателите на парламентарните партии.

default

Германскиот амбасадор Брет - дипломатите го следат расветлувањето на инцидентите

Македоснкиот претседател Бранко Црвенковски ги почнува интензивните консултации со водачите на најголемите парламентарни партии. Пред заминувањето за Брисел, каде ќе му се приклучи министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, шефот на државата сака да обезбеди минимум политичика согласност за расветлување на примитивните случувања во парламентот како што самиот вчера ги оцени.

Шефот на државата ќе побара од партиските лидери објаснување за тоа зошото е блокиран стартот на полтичката согласност околу реформите и докомплетирањето на судсктиот совет како и кохабитацијата односно предлагањето на амбасадори од страна на владата.

Синоќа германскиот амбасадор Ралф Брет преку македонската телевизија им порача на властите во Скопје дека диплоамтите внимателно го следат и забрзувањето на расветлувањето на инцидентите.

Евроминистерката Габриела Коневска Трајковска оценува дека во извештајот на Европската комсија ќе бидат забележани, последните конфликт, но дека тоа нема да ја влоши сликата во Европската унија за Македонија. Ако сакавме да ни доминираат државните над парцијалните партиски и политички интерси, можевме да бидеме помудри кажа Конесвска.

Во парламентот пропадна и четвртиот обид да се формира Анкетната комисија за одговорноста. Веќе станува ирелевантно кој прв почна во судирот меѓу пратениците Албанци.

Опозициските пратеници од ДУИ побараа од премиерот Никола Груевски да ги разреши заменикот министер за полиција Рефез Елмази, кого телевизиските камери го регистрираа во заканувачка позиција кон пратеникот од опозициската ДУИ Положани.