1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Предупредување од терористички напади во Хамбург и Франкфурт

Исламисти кои имале контакти со Ал Каеда планирале на почетокот на 2004 година да извршат самоубиствени напади со автомобили бомби во Хамбург и во поширокото подрачје на Франкфурт. Цел на групата Ансар ел Ислам, според изјавите на сенаторот за внатрешни работи на Хамбург, Дирк Нокеман, била болницата на Бундесверот во Хамбург и американскиот воен аеродром Рајна-Мајна.

Поради тоа, безбедносните власти во Хамбург ја блокираа болницата на армијата. Германскиот министер за внатрешни работи, Ото Шили, го критикуваше ваквиот потег, поради тоа што, како што рече, се отежнало разјаснувањето и пронаоѓањето на сеуште нејасни информации за планираните напади врз американски објекти во Германија и врз хамбуршката болница.

Сенаторот на Хамбург, Нокеман, наспроти тоа, му префрли на Шили да не носи пребрзана оценка за состојбата. "Господин Шили треба прво да се информира кај своите сојузни власти, пред да дава избрзани изјави", се вели во денеска објавеното соопштение на сенаторот. Тој вели:

"Мораме со оглед на потенцијалот на загрозување, да го земаме сериозно предвид секое укажување. "

Акцијата ја бранеше и шефот на хамбуршката тајна служба, Хајно Валдик, кој рече дека информациите добиени од САД за планираните напади никогаш досега не биле толку конкретни. Во актуелното предупредување биле наведени определени лица, цели и временски период.

Зајакнатите безбедносни мерки пред болницата во Хамбург остануваат и натаму. Полицијата соопшти дека сеуште се блокирани приодите до болницата и некои улици. Автомобилите и луѓето кои сакаат да влеаз во зградата се контролираат, а потрагата по експлозив вчеравечер е запрена. Терористичката група Ансар ел Ислам, или "Поддржувачи на исламот", според сознанијата на баварската тајна служба обединува радикални исламистички Курди од северен Ирак и има контакти со Ал Каеда.