1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Предупредување од сериозна терористичка закана во САД

Непосредно пред десетгодишнината од нападите во Њујорк и Вашингтон, на 11 септември 2001 година, американските власти предупредија од сериозна закана од можни нови терористички напади.

default

Засилена будност на стратешките објекти

Заканите се специфични и уверливи, но не се потврдени, соопшти министерството за заштита на државата. Како можна цел на нападите се наведени градовите Њујорк и Вашингтон.

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, изјави дека мерките за безбедност во градот се заострени,  но и дека нема причина граѓаните да ги менуваат нивните дневни навики.

„Полицијата распореди дополнителни сили и ги презема потребните чекори за нашиот град да биде сигурен. Но, нема причина граѓаните заради тоа да ги прекинат своите вообичаени активности“, рече синоќа (08.09) градоначалникот на Њујорк.

Тој, меѓутоа, ги повика граѓаните доколку забележат некакви  сомнителни активности веднаш да ги пријават.

Американскиот претседател Барак Обама нареди да се удвојат антитерористичките мерки поради заканата која се појави во пресрет на десеттата годишнина од терористичките напади во САД, што се случија на 11 септември 2001 година.

Автор: СН/ЖА/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска