1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Предупредување од колапс во Европа

Протестите против курсот за штедење во Европа се шират, Грција тоне во банкрот, загрозена е Шпанија. Топ-економистите бараат радикални и итни мерки, затоа што катастрофата тропа на врата.

17 водечки европски економски експерти сметаат дека Европа се движи во правец на катастрофа од непредвидливи размери. Тие од владите бараат итни коренити реформи на монетарниот и финансискиот систем за избегнување на заканувачкиот колапс и враќање на довербата кон еврото. Тие стриктно одбиваат долгорочно премин во т.н. трансфер-унија, односно унија на гаранции „сите за сите“, како и воведување на еврообврзници. Но, економските стручњаци истакнуваат дека справувањето со должничката криза мора повеќе отколку досега да биде заедничка задача.

Краткорочно е нужно меѓу другото проширување на рамките за гаранции за земјите должнички, доколку тие ги спроведуваат договорените реформи, се вели во студијата. Долгорочно според експертите е потребно создавање заедничка банкарска унија со централизиран надзор.

Експертите освен тоа предлагаат создавање на регулирачки механизам за истапување на државите кои нема да ги исполнуваат одредбите на европскиот фискален пакт.