1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Предупредување од Кина

На можноста Европската унија да го преиспита контингентот на увозот на текстил од Кина, веданш дојде и реакцијата на министерството за трговија во Пекинг. Таа ја предупреди Унијата пред голема грешка:

Во првите три месеци од оваа година на европскиот пазар пристигнаа повеќе од 95 милиони тони маички со куси ракави, сите направени во Кина. По укинувањето на правилото за стапки во почетокот на годината во Европа се увезени вакви маички за еден ипол пат повеќе од лани, а кај пуловерите тој број е поголем дури за петпати. Многу европски концерни бараат ограничувања за ефтиниот увоз од Кина. Во секој случај, промената кон ослободување од стапки само во почетокот на новото правило предизвика драстично зголемување на извозот, вели Динг Жамиао, управник на една текстилна фабрика во кинеското пристаниште Нингбо:

„Тоа е логична консеквенца на отпаѓањето на ограничувањето на стапките од 1 јануари. Многу фирми го одложија периодот на испорака на нивните тектстилни производи за јануари, иако мораа тоа порано да го направат. Во декември не правеа ништо, туку само чекаа. Затоа волуменот на извозот на американскиот и европскиот пазар во јануари драстично порасна„.

Ова мислење го застапува и кинескиот министер за трговија Би Џилаи. Кина веќе ги презеде сите потребни мерки да го намали извозот на текстил. Така, кинеската царина при извозот во просек бара десет до 15 насто од вредноста на стоката. Сепак, не се гледа крај на извозната еуфорија. Планираните мерки на Еу за ограничување, по зачленувањето на Кина во Светската трговска организација се легитимни, но би му наштетиле на принципот на слободна трговија на СТО, смета Сонг Хонг, истражувач од националната академија за социјални науки во Пекинг:

„Може да се каже дека ЕУ има право да донесе заштитни мерки. Но, тоа нема да биде во духот на СТО„.

Во моментов 20 насто од вкупното светско производство на текстил доаѓа од Кина. Според прогнозите, овој удел до 2010 би можел да изнесува 50 проценти. Во секој случај, Европската унија, по согледувањето на ситуацијата, би имала право, најрано до септември да ги зголеми увозните царини до 100 насто. Тоа ниту ќе ги спаси работните места, ниту ќе ќе го врати редот на текстилниот пазар во Европа, смета Сун Хуабин, портпарол на кинескиот сојуз на текстилни производители:

„Европската индустрија не може да преживее со мерките на владите, туку многу повеќе мора да се прилагоди на пазарот. Сметаме дека секое еднострано ограничување од страна на ЕУ ќе биде дискриминирачко. По ограничувањата против кинеските производи, пристап без пречки ќе добијат други земји. Дали може на тој начин да се заштити европскиот пазар?„

Сепак, Сун не смета дека е можна трговска војна поради текстилните производи. Кина и ЕУ одржуваат трговски односи без проблеми. Се смета дека и овој спор, по меѓусебните консултации, ќе биде надминат.