1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Предупредување и увереност

Министрите за надворешни работи на ЕУ на идниот премиер на Косово, Хашим Тачи му порачаа да се воздржи од еднострано прогласување независност на покраината.

default

Франк Валтер Штајнмаер не губи надеж

На три недели пред истекот на рокот за преговори околу статусот на Косово, даден од ОН, државите на ЕУ сеуште немаат најдено единствен одговор на прашањето дали би признале можна држава Косово или не. Мнозинството од 27-те држави членки е за признавање на Косово, доколку косовските Албанци по 10 декември прогласат држава, но има и држави во Еу кои се против, изјави германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, на средбата на министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ во Брисел, додавајќи: “Соседите на Балканот се во многу работи покритични. Покритични се и оние земји кои имаат малцинства. Сепак, мислам дека ќе успееме да најдеме единствено решение.“

На Балканот не му е потребен удар, туку “меко слетување“

Франк Валтер Штајнмаер, шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билд и некои други министри го предупредија победникот на изборите на Косово, Хашим Тачи да не прогласува еднострано независност на покраината. Според Билд, доколку тоа се случи, Косово ќе биде целосно изолирано од страна на меѓународната заедница. Во нестабилниот регион на Балканот е потребно меко слетување, а не удар. Германскиот министер за надворешни работи апелираше до веројатниот нов косовски премиер, Тачи, да делува умерено врз косовските Албанци: “Ништо нема да биде успешно доколку авторитетите на Косово не го повикаат населението да го задржи мирот и да не притиска врз решението преку излегување на улица. Тоа минатата косовска влада го правеше успешно. Сметам дека и новата влада на Тачи ќе се однесува на ист начин.“

Мала шанса за договр на Србите и косовските Албанци

Штајнмаер смета дека шансата за постигнување договор меѓу Србите и косовските Албанци до десетти декември е мала, но и таквата мала шанса треба да се користи. Денеска Србите и косовските Албанци повторно преговараат во Брисел со посредство на меѓународната Тројка. Преговарачот на тројката од ЕУ, Волфганг Ишингер пред почетокот на средбата изјави дека тројката досега ги разгледала и во игра ставила сите можни и замисливи варијанти, но без успех.

На 10 декември истекува рокот поставен од страна на ОН за постгнување договор. Поранешниот водач на бунтовниците, Хашим Тачи, кој победи на парламентарните избори на Косово во саботата, во едно интервју изјави дека нема да чека додека сите држави не искажат подготвеност да го признаат Косово. Министрите на ЕУ ќе разговараат повторно за темата на 10 декември.