1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Предупредување за Блискиот исток

Министрите за надворешни работи на индустриските држави Г 8 вчера во Москва остварија средба. На дневен ред на средбата, на која учествуваше и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, беше пред се ситуацијата на Блискиот исток , иранската атомска порграма како и енергетската безбеднсот.

Москва

Москва

Министрите за надворешни работи на Г8 индустриските држави изразија згриженост околу најновиот развој на Блискиот исток и побараа од израелската влада да биде воздржана.

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс зборуваше во името на сите кога рече дека Палестинците би морале да го ослободат грабнатиот израелски војник и да го запрат терористичкото насилство. Министерката побара од двете страни да го продолжат мировниот процес.

Втора важна тема беше нуклеарната програма на Иран. Русија последниве денови предупреди, да не се прави притисок врз Техеран за неговата реакција на компромисниот предлог на западот за надминување на спорот. Рајс на ова рече:

„Се надеваме на сериозен одговор. Господин Солана ќе се сретне со господин Лариџани на 5 јули. Тогаш ќе процениме каде се наоѓаме. Но ќе видите, во нашата изјава се отсликува разочарување, бидејќи сеуште ништо не сме чуле од Иранците за како што сметаме нашата широкограда понуда.“

Германскиот министер за надворшни работи Франк Валтер Штајнмаер по средбата рече дека не може да се дозволи со месеци да се чека на одговоро од страна на Иран. Кратко пред самитот на Г8 државите во јули, внатрешно политичкиот развој на Русија не беше тема на средбата, но Штајнмаер во четвртокот за Московски весник рече дека Русија направила голем напредок во правец на демократијата. Неговата американска колешка Рајс пак предупреди дека и натаму постојат забелешки во однос на демократските процеси во Русија.

Што се однесува до енергетските прашања, домаќинот, рускиот минситер за надворешни работи Лавров нагласи дека е постигнато приближување „Документот за енергетската безбедност, од Русија инициран како еден од главните документи, навистина е солиден и опсежен компромисен документ.“

Американската министерка за надворешни работи Рајс сепак истакна дека голем број земји кои енергетски се поврзани со Русија се загрижени околу сигурноста на испораката од страна на Русија.