1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Предупредувања до Иран од Германија и ЕУ

Германската влада предупреди од натамошно заострување на конфликтот со британските војници заторени во Иран. Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер уште еднаш побара моментно ослободување на маринците и го опомена Иран на одговорно постапување, префрлувајќи му за провокации.

И ЕУ побара од Иран веднаш да ги ослободи 15-те британски маринци. Нивното заробување претставува кршење на меѓународното право, оти тие се наоѓале во ирачки води, се вели во изјавата на 27-те министри за надворени работи од земјите на Унијата од нивната средба во Бремен.