1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Предности и скепса за безбедносниот видео надзор во Скопје

Македонското МВР ќе ги снима главните крстосници и јавни површини во Скопје. Можни ли се злоупотреби на снимениот материјал? Активистите за човекови права сметаат дека со оглед поставеноста на системот, тоа е можно.

default

Идејата на Министерството за внатрешни работи е двојна: превентива во сообраќајот и евентуално општиот криминал, но и на полицијата да и’ се олесни работата во расчистувањето на сообраќајните прекршоци и сторени кривични дела.

Großbritannien Überwachungskameras über all London

Камера во Лондон

По бројни консултации со полициите од земјите членки на ЕУ и по согледувањето на искуствата од европските метрополи за тоа дека безбедносниот видео надзор значително превентивно влијае врз намалувањето на стапката на криминалитет и ја намалува работата на полицијата во репресивниот дел, во делот на откривање на прекршителите и сторителите на кривични дела, МВР на Владата и го предложи овој проект „за безбеден град“.

Според помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски, инсталирањето на безбедносен видео надзор нема да биде само во Скопје, туку и во други градови во Македонија, каде ќе се оцени дека е потребен. Бројот на места и градови ќе зависи, пред се’, од финансиската конструкција, па затоа засега, во оваа прва фаза е покриено само Скопје каде на околу 80 локации на главните

Innenministerium Mazedonien

МВР

крстосници и јавни површини во градот веќе се инсталирани камери. Тие ќе бидат поврзани во еден централизиран систем на видео надзор во МВР. „Првичната намена на проектот е регистрирање на сообраќајот, но ќе се снимаат и јавни површини каде има зголемена фрекфенција на граѓани или постои опасност од нарушување на јавниот ред и мир,“ вели Котевски.

Проектот има две цели. Едната е превентива, бидејќи возачите ако знаат дека таму има видео надзор нема да направат пркршок или кривично дело. Втората цел е олеснување на полициската работа во обездедувањето докази или утврдувањето на идентитетот на лицата кои направиле прекршок или кривично дело.

Заштитниците на правата и слободите на луѓето предупредуваат од можни злоупотреби

Но, ова целосно покривање на градот со камери, од друга страна, може да значи нарушување на правата и слободите на граѓаните. Заштитниците на правата и слободите на луѓето, сметаат дека префрлањето на реалното шоу „големиот

Überwachungskameras auf dem Bahnhof

брат“ од екраните во реалниот живот, може да биде и погоден терен за злоупотреби на МВР. Па, затоа е потребно детално да се утврди кој и како ќе го контролира МВР во неговата контрола на граѓаните. „Дирекцијата за заштита на податоци е орган надлежен да го контролира МВР, но сега засега гледаме дека таа има ограничена надлежност кога МВР снима такви материјали. Еден таков инцидент со снимен материјал беше приведувањето на сексуалните работнички во полициска станица. Овој случај не се разреши, не се дозна кој го снимал материјалот, дали било овластено или неовластено снимање, и кој го предаде материјалот во медиумите. Тој случај покажа дека постои можност за злоупотреба на снимени материјали и дури кога имаме овластено снимање,“ вели активистот за човекови права и колумнист Жарко Трајановски.

Според него, главната опасност во овој проект лежи во злоупотребата на снимениот материјал и погазување на правата на граѓаните, за што во изминатиот период веќе бевме сведоци кога снимени материјали по чудни канали се

Skopje,Ulica Makedonija

Скопје

најдоа во рацете на одредени медиуми. „Имаме ситуација никој да не го конторлира МВР и затоа оправдано се поставува прашањето за евентуална злоупотреба на овие снимки. Особено ако се има предвид дека нема да се користат само за сообраќајни прекршоци, туку и за евентуални кривични дела, за нивна превенција, а тоа превенирање остава голем простор за злоупотреби,“ вели Трајановски за Дојче веле.

На тоа Котевски подготвено возвраќа: „Воопшто не постои таква опасност. МВР во овој проект ги имплементираше европските искуства, а беа консултирани и сите закони и експерти во ова област. Консултирана е и Дирекцијата за заштита на податоците и ако има каква било сугестија за законитоста на проектот МВР е подготвено да разговара и подоцна истата да ја усвои,“ додава Котевски.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина