Предлог на ПДП за соработка меѓу албанските партии | Вести | DW | 01.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Предлог на ПДП за соработка меѓу албанските партии

Во Македонија е потребно да се формира релевантно тело- политички претставник на Албанците преку една група за единство на нивните парламентарни партии – соопшти Партијата за демократски просперитет на денешната пресконференција во тетово, Според ПДП со ревидирањето на оваа иницијатива ќе се придонесе за усогласување на ставовите во албанскиот кампус и за релаксирање на дијалогот и политичката клима во Македонија. Владината Демократска Партија на Албанците , оваа иницијатива ја оквалификува како голема идеја на мали нозе.