1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Предлог за визна либерализација кон средината на јули

Шведскиот министер за миграција и за азил Тобијас Билстром очекува дека Европската комисија во средината на јули ќе поднесе предлог за визна либерализација за Македонија, Црна Гора и Србија.

default

Шведското претседателство со ЕУ ја признава регионалната димензија на визната либерализација за Западниот Балкан, но и посебно нагласува дека сите земји во тој процес би требало да добијат безвизен режим кога ќе ги исполнат условите потребни за тоа. Шведскиот министер за миграција и политички азил Тобијас Билстром за „Дојче веле“ истакнува:

„ Во средината на јули Европската комисија ќе излезе со законски предлог, кој ќе овозможи безвизен режим до крајот на 2009-та година, за оние земји кои до тогаш ќе ги остварат потребните услови за тоа. Тука се разбира мислам на Македонија, Црна Гора и Србија.“

Билстром очекува дека после тоа натамошата процедура во соодветните работни тела на Советот на ЕУ ќе продолжи и пред летната пауза.

Anstehen nach Visa am Konsulat in Kiew

Редиците пред амбасадите наскоро ќе бидат минато?

Косово ја „ забавува“ визната либерализација за Србија?

Кога станува збор за Косово, Тобијас Билстром вели оти постојат две клучни прашања за кои се’ уште се разговара а се во контект на исполнување на условите кои и се поставени на Србија во т.н мапа за патот кон визната либерализација. Билстром објаснува:

„ Во прашање е обезбедувањето на адекватна контрола на пограничната линија со Косово и издавањете на српски пасоши за граѓаните на Косово. За овие прашања Европската комисија и властите во Србија се’ уште разговараат а шведското претседателство со ЕУ внимателно го следи напредокот на тие преговори. Се надеваме дека ова прашање ќе се реши навреме, со цел Србија да им се придружи на земјите кои се ослободени од визниот режим“

Најважно е исполнувањето на зацртаните услови

Antrag auf Erteilung eines Schengen-Visums

Шведските дипломати истакнуваат дека за нив е важно да се дојде до добро и безбедно решение. Во рамките на тоа постои и прашањето на нелегалната миграција а ЕУ мора да ја зачува безбедноста на своите граници вели за „Дојче веле“ шведскиот министер за миграција и азил Тобијас Билстром.

Кога станува збор за можноста за евентуалната „гетоизација“ по прашањето на слободното патување, која може да им се случи на Бошњаците доколку Србија добие визен режим а Босна и Херцеговина не, Тобијас Билстром смета дека вниманието пред се’ мора да се насочи кон исполнувањето на условите во секоја земја посебно.

„ Најважно е да се држиме до мапата на патот, која е основа за патот на секоја земја кон визната либерализација. Секоја земја има свои специфични проблеми но исполнувањето на условите зацртани во мапата на патот се клуч за се“.


Автор: Марина Максимовиќ/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска



Поврзана содржина