1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Предлог германскиот буџет за 2005 година пред Бундестагот

Министерот за финансии Ханс Ајхел предлага нови задолжувања

default

Бројките од буџетот на Германија за 2005 година,кого министерот за финансии Ханс Ајхел денеска го претстави во Бундестагот не звучат многу убаво.Расходите од околу 260 милијарди евра значат ново задолжување од речиси 22 милијарди евра,вртоглава сума.

Ајхел во големи делови од својот говор порадо се задржа на актуелните проблеми отколку на самиот буџет.Реформите на пазарот на работна сила,здравственатаа политика,пензиите,а освен тоа тој побуди надеж:конјуктурата расте,за оваа година и следната се очекува пораст меѓу еден ипол и два проценти.Тоа што се придвижува,е пред се извозот.И бидејќи економијата и натаму е слаба,тој не предвидува амбициозни штедења:

-Останува на тоа,од причина што како и порано стопанството е слабо,годинава да не освојуваме дополнителни пакети за штедење.

Ајхел сака да извлече околу 15 милијарди евра преку приватизацијата,треба да бидат отуѓени акциите од поштата и од Телекомот.Дали тоа ќему појде од рака,не е извесно.Министерот се грижи и за запазувањето на Маахстрихт критериумите на Пактот за стабилност следната година,зашто само спорните реформи на пазарот на трудот чинат 2,2 милијарди евра.

Во врска со темата реформи Ајхел се обрати кон опозицијата.Тие во предвид имаат уште построги закони,а сега се обидуваат да ги користат протестите на улиците:

-Така дами и господа не оди.Ако нешто правите,мора да стоите зад тоа,а не да се криете зад грмушки или дури да најавувате:ќе застанеме за чело на протестите,тоа е врв на лицемерието.

Унијата напротив не гледа ништо добро во предлогот на Ајхел.Експертот за финансии од ЦДУ Дитрих Остерман изјави дека Ајхел е најголемиот создавач на долгови и растурач на имотот во повоениот период:

-Ние се наоѓаме во најголемата буџетска,финасиска и криза на пазарот на работна сила од 1949 година.Предлог буџетот кој е поднесен ја засилува кризата,не е содветен како база за заеднички разговори.Заради тоа велиме:повлечете го овој предлог буџет и поднесете нов.Или уште подобро,тоа треба да го направи нов министер.

Порастот во извозот е благодарение на успешните реформи во земјите потрошувачки во Европа и поради тоа тука се повторно парите,кои меѓутоа на министерот му фалат:

-Пари недостасуваат зашто државата не инвестира,ниту во сообраќајот ниту во истражувањето.Парите недостасуваат и преку едно секогаш повисоко даночно оптоварување,смета Остерман.