1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Предлогот на Ахтисари во ОН

Одлуката на советот за безбедност за конечниот статус на Косово се очекува во втората четвртина од годинава, изјави потрпаролот на специјалниот преставник на ОН за покраината Реми Дурло. Тој одби да ги коментира информациите дека Марти Ахтисари во документот предложил надгледувана независност. Според српски медиуми расправата за Косово во Советот треба да започне на 26 март. Содржината на документот нема да и биде достапна на јавноста се додека не биде преведена на сите јазици на земјите членки на Советот за безбедност. Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска во Сараево изјави дека Косово е последниот отворен проблем во регионот. Тој смета дека нема потреба да се одлага решението за неговиот конечен статус.