1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Предизвици и проблеми пред ИТ-браншата

Во Eсен се оддржува национален ИТ самит. Иако германската информациона и телекомуникациска бранша расте побрзо и отвора повеќе работни места од останатите бранши, сепак се соочува и со редица порблеми.

Германскиот пазар за информациона технологија, телекомуникации и електроника за забава е во подем. Обртот на производите и услугите годинава ќе се зголеми за 2,8 процнети - на 152 милијарди евра, предвидуваат статистичарите од сојузот Битком. „ИТ и комуникациската бранша веќе подолго време е мотор на порастот и со тоа мотор за вработувањето во Германија. Тоа многу добро се гледа, бидејќи другите бранши не го постигнуваат тоа. Особено во кризини времиња таа е потпора за порастот“, вели Штефан Хенг, аналитичар во Дојче банк рисрч. Но, што е вкупниот обрт на Германија од 152 милијарди евра во споредба со 156 милијарди долари, приходи за оваа година само на амеирканскиот компјутерски концерн Епл? Факт е дека не само на германската, туку и на целата европска ИТ бранша и’ недостасуваат големи имиња како Фејсбук, Гугл, Интел или Мајкрософт.

Силна индустриска гранка

Затоа, пак, на германскиот пазар егзиситираат околу 81.000 фирми кои во мината година вработуваа 876.000 лица и годинава најверојатно ќе отворат дополнителни 10.000 работни места. Со ова браншата, зад машинската индустрија, е втор по големина работодавач во германската индустрија - пред автомобилската или електро-индустријата.

Исторемено значително се зголеми бројот на слободите места за ИТ специјалисти. Актуелно има околу 43.000 отворени работни места за ИТ експерти во Германија - браншата се жали на еклатантен недостиг на стручна работна сила.

И телекомуникациската бранша исто така очекува силен пораст на обртот. Големиот пораст се должи на бумот на смартфон телефоните. Седум од десет продадени мобилни телефони во меѓувреме се смартфони, а тие очигледно се’ поретко се користат за телефонски разговори. „Со класичната телефонија денес речиси да неможе да се оддржите над вода. Говорната телефонија не носи добика за телекомуникацијата. Целта, која беше формулирана пред 15 години, беше либералзизација на пазарите. Тоа сега е негативниот дел на либерализиацијата. Тоа што насекаде имаме конкуренција, се разбира притиска врз цените и ги намалува маржите за добивка на претпријатијата“, вели Штефан Хенг.

Недостасуваат пари за нови инвестиции

Пари, кои фалат за нови инвестиции. Се’ повеќе корисиници на смартфон телефони ги испраќаат своите фотографии и видео снимки на пријатели или во т.н. Клоуд (мобилна меморија, н.з.), се повеќе надворешни соработници комуницираат со својата централа преку радио сигнали или интернет - тоа за понудувачите на мобилни услуги значи плус од 13 проценти, однсоно 8,5 милијарди евра, но бара и огромни инвестиции во мрежите, кои можат да го издржат тој наплив на информации.

Telefonhörer

Класичната телефонија губи на значење

Но, за тоа недостасуваат пари. Класичните телеком-понудувачи добија огромна конкуренција од кабелските претприајтија, кои не само што нудат ТВ програми за домаќинствата, туку исто така и интернет приклучоци. Освен ова, браншата се жали не само поради големата конкуренцијата, туку и за интервенции од страна на сојузната агенција за мрежи. Со години паѓаат тарифите, кои понудувачите ги требуваат доколку клиентите телефонираат во друга мрежа, со години исто така се намалуваат роаминг трошоците во странство. Ова можеби е популарно и краткорочно ги радува муштериите, аргументира беаншата, но на овој начин на пазарот му се одземаат средствата за инвестиции.

Министерот за стопанство Филип Реслер на денешниот ИТ самит во Есен во работната група „Дигитална економија во Германија“ ќе биде контфронтиран со проблемите во брашата. Министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих ќе дискутира во работната група „Доверба, заштита на податоци и безбедност на интернет“, додека министерката за правда Сабиен Лојтхојзер Шнаренбергер ќе раководи со групата „Одговорнсота и заштитата во мреженото општество“.