1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Предизвиците на новата германска влада - што следува по изборите?

Новата германска влада е соочена со низа проблеми за решавање. Листата со задачи е полна - од евро-кризата, преку прашањето на праведност, енергетскиот пресврт, сѐ до проблемот со бегалците.

Во текот на кампањата за политика се зборува многу, но не се реализира многу. Важни одлуки се одложуваат со месеци. Затоа тие стануваат дотолку поитни оваа есен. Тоа особено се однесува на централната надворешнополитичка тема, за која во изминатите недели најрадо се молчеше.

Како натаму во евро-кризата?

Едно е јасно - евро-кризата паузираше за време на кампањата, но по изборите брзо ќе почне да доминира повторно со вестите во медиумите. На стопанствата во некои од европските земји во криза во меѓувреме им оди малку подобро, но Грција најверојатно нема повторно сама да може да застане на нозе. За такво нешто нејзините долгови се превисоки.

Spanien Demonstration gegen Sparkurs der spanischen Regierung

Протести против плановите на ЕУ за штедење во Мадрид - ќе се врати ли кризата?

Дури и министерот за финансии Волфганг Шојбле неодамна мораше да признае: „Ќе мора повторно да се донесе некаква програма за Грција. Тоа на јавноста постојано ѝ беше кажувано во Бундестагот.“ Водечките институти за економски истражувања сметаат дека државите на ЕУ најдоцна на крајот од годината ќе мора да носат одлука за нови мерки за помош на Грција - значи големо градилиште за новата германска влада.

Германски буџет - штедење или изборни подароци?

На Германија ѝ оди подобро отколку на повеќето држави на ЕУ, економскиот мотор работи добро, приходите од даноци се високи како никогаш досега. Сепак, германската држава има долгови во висина од 2,1 илјади милијарди евра и сѐ уште секоја година повеќе дава отколку што зема пари. Високо задолжени се и повеќе покраини, а многу градови и општини се сосема банкрот. Сите партии сакаат тоа да го променат, но како тоа да се постигне - со штедење или со зголемување даноци?

Sparschwein Euro Sparen Symbolbild Bundeshaushalt

Штедење, но каде?

СПД и Зелените најавија дека барем од граѓаните кои заработуваат многу ќе бараат повеќе да плаќаат. ЦДУ и ФДП тоа не го сакаат во никој случај. Ангела Меркел, во текот на телевизискиот дуел против нејзиниот предизвикувач Штајнбрик, рече: „Плановите за зголемување на даноците кои ги прават социјалдемократите и зелените носат опасност сегашната добра појдовна состојба да ја влошиме, наместо да ја подобриме.“

Истовремено, меѓутоа, повеќето партии сакаат да дадат повеќе пари за реализација на своите омилени проекти. ЦДУ, на пример, сака да даде повеќе пари за повисоки пензии за мајките, СПД и Зелените за образование и повеќе места во градинките, Левицата за повисоки социјални услуги.

Поголема праведност, но како?

Темата праведност ќе игра голема улога по изборите. Тука има неколку „градилишта“. На прво место е праведноста во сферата на образованието. Секое дете треба да има еднакви шанси во животот. Но во моментов во

Senioren Symbolbild Alter Demografie Rentner

Се‘ повеќе стари и лица на кои им е неопходна нега - кој тоа ќе го плати?

Германија не е така. Ученик кој потекнува од образована фамилија има многу повисоки шанси да заврши матура отколку дете чии родители не се образовани. И прашањето на праведно плаќање на работно место е високо на дневен ред. „Има толку многу луѓе кои работат цел ден, но добиваат толку ниска плата што не им е доволно да преживеат“, нагласува Пер Штајнбрик од СПД. Дали значи треба да има обврзувачка минимална плата за сите работници во цела Германија?

Енергијата на иднината и колку таа треба да чини

Откако пред две години беше донесена одлука за таканаречен енергетски пресврт, во Германија се случија многу работи. Во меѓувреме, 23 проценти од енергијата се добива од соларни постројки, ветерници или постројки на биогас. Целта е висока - до 2015 година на ваков начин треба да се добиваат 35% од

Windräder und Stromleitung

Потребна е подобра енергетска мрежа

енергијата. Но има многу проблеми. Она што недостига е пред сѐ неопходната мрежа која ќе ја транспортира енергијата на местото кадешто е неопходна.

Шефот на пратеничката група на СПД Франк-Валтер Штајнмајер критикува дека „ништо не мрда напред“: „Пресвртот во енергетската сфера е соочен со ѕид уште пред воопшто и да почне“, оценува Штајнмајер. Освен тоа, пресвртот во енергетската сфера ги чини граѓаните се‘ повеќе пари.

Прашањето на бегалците - кој смее да остане во Германија и колку долго?

Со кризата во Сирија оваа тема се најде најгоре на агендата на германската

Offene Türen? Asyl-

Отворени врати? Дом за азиланти во покраината Долна Саксонија

политика. Стотици илјади луѓе од Сирија се во бегство и од Германија се очекува да прифати дел од нив. Прво би требало да бидат прифатени 5 илјади бегалци, што во споредба со бројот на население во Германија е малку. Но веќе сега постои судир околу тоа каде да бидат сместени бегалците и како тие таму ќе живеат. Имено, на повеќе места во земјата граѓаните се спротивставуваат на намерата во нивното соседство да бидат сместени премногу луѓе во домови за бегалци.