1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Предизвиците на македонското судство

Може ли правосудниот систем во Македонија ефикасно да се справи со организираниот криминал во земјата? Европската комисија го пофали напредокот, но смета дека судството сеуште не е оспособено за брзи и ефикасни пресуди.

default

Врховниот суд на Македонија и Основниот суд Скопје 1

Македонскиот правосуден систем стана арена за масовни процеси. По минатогодишната афера, наречена „Змијско око“, во која 60-тина вработени во наплатните станици за патарина во земјата беа обвинети за кражба, сега пред македонското судство претстои процес против уапсените лица во полициската операција „Пепел“. Судиите ќе се соочат со најмалку 30-тина осомничени за илегално производство и трговија со тутун и цигари. Со оваа полициска операција и судската разрешница треба да биде разбиена т.н. тобако мафија околу кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдиу.

Овие два случаја се практичен тест за тоа колку правосудниот систем во Македонија може ефикасно да се бори против организираниот криминал. Ова е услов на кој особено инсистира Европската комисија. Во нејзиниот последен извештај за напредокот на Македонија на патот кон членството во ЕУ, објавен на 5. ноември, Комисијата го оценува како добар потег формирањето на посебно обвинителство за организиран криминал во земјата. Наспроти тоа, ЕК оцени дека македонскиот правосуден систем сеуште не е оспособен за брзи и ефикасни пресуди. Македонското судство и натаму важи за еден од сегментите во државата, во кои има најголем степен на корупција.