1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Предизвикувачите на Обама се острат

Републиканците бараат противкандидат на претседателот на САД , Барак Обама. Во Ајова на 3-ти јануари започнува процесот за избор на кандидатот за претседател на САД на оваа партија. Трката на првите предизбори е тесна.

default

Сите републикански кандидати за предизвикувач на Обама

Тој е меѓу водечките во анкетите но тоа не е вистинска љубов. Попрво тоа е брак од интерес меѓу Мит Ромни и републиканските гласачи во Ајова

Поранешниот гувернер на Масачусетс за многумина овде не е доволно конзервативен- но има далеку најдобри шанси да го победи претседателот Обама.

Mitt Romney zieht sich aus Wahlkampf zurück

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни има најголеми шанси?

„Претседателот рече дека сака темелно да ја трансформира Америка. Но јас ја сакам Америка и не сакам да биде трансформирана во нешто друго. Не сакам да стане како Европа: Не сакам голема администрација и се’ поголеми даноци и поголем долг да ги оптоварува нашите граѓани“, порача Ромни во Ајова.

Меѓу брак од интерес и конзервативна страст

Намалување на долговите. Тоа е вистинскиот слоган кај републиканците. Сеедно дали Њут Гингрич или Мишел Бахман - сите удираат на тоа ѕвоно. Покрај тоа некои се обидуваат да се претстават единствените вистински конзервативци. Рик Сенторум дури го снимаа како лови фазани- со капа на влијателното Национално здружение за огнено оружје.

USA Präsidentschaftswahlen Vorwahlen Republikaner Ron Paul

Миленик на конзервативните - Рон Пол

Такви медиумски трикови нему не му се потребни. Конгресменот од Тексас, Рон Пол веќе со децении важи за екстремно конзервативен. Тој е против абортусот, против Федералните резерви, против обврзувачкото здравствено осигурување. Многумина го нарекуваат „Доктор Не“ но приврзаниците го обожуваат.

„Луѓето сакаат целосно поинаква промена, нешто поинакво. А тој е поинаков и затоа го сакам“, вели една приврзеничка на Рон Пол.

И навистина во Ајова, Пол повеќе или помалку е изедначен со Ромни. Републиканските гласачи во оваа сојузна држава наредната недела за првпат можат да одлучат меѓу бракот од интерест и конзервативната страст.

Автор: Макс Хофман/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски