1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Предизборните инциденти мора да престанат

Влијателните амбасадори во Скопје со јасен, заеднички став: насилствата мора да престанат веднаш, ако не се сака запирање на процесите за евро - атланските интеграции на Македонија.

Скопје

Скопје

Запре почетниот серијал насилнички напади врз партиските штабови. Не се слушаат ни пукотници и престрелки меѓу симпатизерите или криминализираните банди во албанскиот електрорат. Дали овие мирни 24 часови од кампањата се прв знак за новата очекувана или изнудена демократска атмосфера во македонското предизборје и колку тоа ќе потрае?

Последниот остар и решителе н притисок врз албанските лидер Али Ахмети и Арбен Џафери синоќа ги наптравија амбасоадорите на Европската унија и САД, Ерван Фуере и Џилијан Миловановиќ. Насилствата мора да престанат веднаш „Нивното продолжување ќе има сериозни консекевенции врз евро – атланските аспирации на Македонија“ рече Фуере „Ги повикуваме сите партии да работат на мирни фер и демократски избор“ дополни амбасадорот Фуере во присуство на америкснаката амбасадорка Миловановиќ. Тие изнудија од Ахмети и Џафери јасен и нивен јавен апел дека насилствата мора да престанат. Челниците на ДУИ и ДПА дојдоа самоуверени во америксната амбасада во Скопје но од неа излегоа со смрачени лица но и со директини обраќања, со заеднички и истоветни ставови изречени само на албански јазик и упатени очигледно кон своите симпатизери – Ги повикуваме партиските симпатизери да престанат со насилствата – рекоа првите луѓе на ДУИ и ДПА.

„Мораме да ја смениме сликата на Албанците во Македонија и да покажеме дека не сме дестабилизирачки фактор“ изјави челникот на ДПА Џафери, на митингот во тетовското село Боговиње само два часа по разговорите со влијателните амбасадори во американската амбасада во Скопје. Дипломатите беа раздвижени и загрижени. Тие и на премиерот Владо Бучковски му го пренесоа ставот: Насилнички и нерегуларни избори знчат затворени врати за Македонија во Европската униј и НАТО „Дека мора да биде многу, многу подобро, пред се во албанскиот полтички блок. “ рече премиерот

И покрај решителните спротивставувања на дипломатите во Македонија дека нема да се подготвуваат одвоени извештаи за изборите во македонските и албанските средини, поранершниот премиер Љупчо Георгиевски се почесто јавно ја промовира оваа идеја. Лидерот на ВМРО Народна со критика до Албанците во Македонија „Многу посуштински е интересот, Македонија да биде забавена на патот кон ЕУ, затоа што тие не ја гледаат Македонија и нејзината брзина, туку тие чекаат и навиваат со Косово и Албанија да одат со исто темпо.“

Еднонеделниот почеток на избоната кампања, очигледно ја фокусираше и македонската и странската јавност кон насилничките испади. Сега влегуваме во фаза на преиспитување на домашните изборни и демократски капацитети, велат експертите по разговорите на Фуере и Миловановиќ со лидерите на ДПА и ДУИ Џафери и Ахмети.