1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Предизборната битка започна

Само што се појави идејата за нови избори за германскиот парламент, партиите веднаш ги искажаа своите почетни позиции. Тоа беше очигледно вчера во Берлин, каде што по состаноците на партиските раководства, задолжителните прес-конференции беа под знакот на темата нови избори. Се порценува дека би се одржале кон средината на септември.

Канцеларот Шредер предизвика бура со предлогот за предвремени избори

Канцеларот Шредер предизвика бура со предлогот за предвремени избори

Ако е според канцеларот Шредер, тогаш уште пред летната пауза со прашањето за доверба на владата во Бундестагот би бил отворен патот кон предвремени избори што би се одржале во септември. Претседателството на социјалдемократите едногласно застана зад ово предлог, соопшти претседателот на СПД Франц Минтеферинг. На изборите треба да се определи правецот:

„Каде оди Германија? Треба да имаме социјална пазарна економија во која социјалното ќе биде запишано со големи буквви и нема да биде потиснато? Ќе имаме ли во Германија работни права, и ќе бидат ли стабилни какви што беа со години? Како ќе се одвиваат работите во оваа земја за ова и за други важни прашања„?

И зелените борбени со заклучок нивниот врвен кандидат да биде министерот за надворешни работи Јошка Фишер, кој радо го прифати предизвикот:

„Ако ни успее да ја одбраниме црвено-зелената коалиција, тоа ќе значи нова легитимација што ќе значи таа соработка да се постави врз нови основи, имено крај на блокадата и конструктивна соработка. Инаку, сигурен дека тоа би значело и промена на трендот на претстојните покраински избори во наредните две години. Значи, станува збор за нова легитимација, кој треба да владе во земјата и никаква блокада во наредната година. Тоа се основите врз кои ќе настапиме во една стручна дебата и во соочувањето со политичките противници во изборната битка„.

Всушност, таа е веќе започната уште пред воопшто да е дефинирано дека ќе се одржат предвремни избори. Решението, откако Бундестагот би му изгласал недоверба на канцеларот, е во рацете на сојузниот претседател. Сите партии сметаат дека ова е најдоброто решение. Претседателката на демохристијаните Ангела Меркел, по убедливата победа на нејзината партија во Северна Рајна Вестфалија, искажа убеднеост дека и на сојузно ниво ќе се случи политичка промена:

„Станува збор за едно единствено прашање: кому му веруваат луѓето дека ќе може вешто да ја води Германија кон подобро и тука сме ние сигурни„.

Околу можната коалиција со либералите, Меркел вели:

„За нас воопшто не се поставува парашњето дека Унијата и либералите само заедно се алтернатива за црвено-зелените. Ние сме различни партии со различни акценти, но за основните работи имаме заеднички цели и мислиме дека во Германија ќе биде подобро ако има друга влада„.

На прашањето на денот: дали шефот на социјалано христијанската унија Едмунд Штојбер веќе сега ќе се откаже од кандидатурата за канцелар во полза на Меркел, тој во Минхен не одговори:

„Јас сум претседател на ЦСУ и ќе направам се да постигнеме заеднички успех. Се што прашувате ќе биде заеднички разгледано со ЦДУ„.

Официјалното соопштување на кандидатот би требало да уследи на 30 мај на заедничката средба на претседателствата на двете партии. Истовремено со прогласувањето на врвниот кандидат, со изјаснување за идна можна колаиција со Унијата се изјаснија либералите. Нивниот претседател Гидо Вестервеле најави:

„Како слободни демократи ние сакаме и во Германија да биде можна нова основа. Напредок е можен и во Германија. Масовната невработеност не е природен закон во Германија„.

Во меѓувреме, Партијата за демократски социјализам, произлезена од поранешната Единствена социјалистичка партија на ГДР, се надева дека нивниот политички адут Грегор Гизи ќе ја врати во сојузниот парламент.