1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Предвремено враќање на долгови

Македонската влада одлучи предвреме да врати 137 милиони долари од долгот кон Светска Банка и Европската Инвестициска Банка . Македонскиот премиер Никола Груевски денеска соопшти дека на овој начин се испраќа сигнал до глобалните финансиски пазари дека Македонија врти нова страница во економската политика . Предвременото исплаќање на дел од долгот кон овие финансиски институции ќе биде извршено со пари од девизните резерви кај кои има пораст над проекциите- рече премиерот

Со предвременото враќање на долгот инаку се заштедуваат 37 милиони долари што Македонија требаше да ги исплати како камати за долгот до 2021 година . Заштедите ќе бидат пренасочени во други развојни проекти –порача премиерот Груевски, кој најави дека владата размислува и за предвремен откуп на долгот и од Меѓународниот Монетарен фонд .