1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Предвремени избори во Северна Рајна Вестфалија

Германската покрана Северна Рајна Вестфалија во мај ја очекуваат предвремени покраински парламентарни избори откако парламентарните партии во Диселдорф не го одобрија покракинскиот буџет.

default

Премиерот на Северна Рајна Вестфалија, Ханелоре Крафт

Северна Рајна Вестфалија, најнаселената германска покраина со околу 18 милиони жители, по две години го распушти парламентот и во мај ќе бидат одржани предвремени покраински избори. Парламентот е распуштен бидејќи партиите не успеаја да го изгласа покраинскиот буџет кој го предложи малцинската владата на социјалдемократите и Партијата на зелените. Портпаролот на владата Штефан Зајберт изјави дека поради тоа нема да има предвремени сојузни избори.

Според досегашниот премиер на покраината, Ханелоре Крафт, од редовите на СПД изборите во Северна Рајна Вестфалија ќе испратат сигнали во Берлин. Досегашната политика на малцинската влада во покраинскиот главен град Диселдорф Крафт ја оцени како„придобивка за демократијата“.

Нејзин противкандидат на предвремените парламентарни избори ќе биде актуелниот министер за животна средина и претседател на покраинската ЦДУ, Норберт Ретген. Ретген најави дека неговата партија нема однапред да се изјасни за коалиционен партнер, во случај ЦДУ да добие мандат да формира покраинска влада, можни се сите опции за коалиции, изјави актулениот министер.

Автор: АТ/ БГ/ дв/ дапд/ афп

Редактор: Симе Недевски