1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Предвремените избори во Турција на 22 јули

Турскиот парламент претпладнево едногласно донесе одлука за одржување на предвремени парламентарни избори во земјата на 22 јули. 458 пратеници го поддржаа предлогот на парламентарниот комитет. Претходно премиерот Реџеп Таип Ердоган предложи изборите да се одржат на 24 јуни, како начин за решавање на политичката криза во земјата по првиот круг на претседателските избори кој уставниот суд го прогласи за неважечки. Единствен кандидат за претседателската функција беше министерот за надворешни работи Абдула Ѓул.