1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Предвремена изборна кампања

Иако официјалната изборна кампања започнува на 11-ти мај, најголемите политички партии веќе ја стартуваа. ДИК апелираше на воздржување, невладината организација Мост предупреди дека се прекршува законот

default

Недостасуваат само изборни плакати

Стартуваа партиските спотови за партиските промоции, печатот е преполн со изборни програми, во што предничи ВМРО ДПМНЕ. Иако изборната кампања започнува официјално на 11 мај, главните ривали, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА веќе една недела се во фаза на митинг амбиент по македонските градови.

Претседателот на Државната изборна комисија Јован Јосифовски, апелираше до сите политички партии да се воздржат од изборни кампањи надвор од законскиот рок. Тој беше испровоциран од невладината организација Мост, која

во текот на денот предупреди дека партиите го прекршија законот со предвремени изборни кампањи и неконтролирани финансиски средства. Од каде се парите за изборите, дали се легални фондовите, како партиите ќе направат отчет за потрошените средства, кога досега не се отворени официјалните жиро сметки за таа намена, предупреди шефот на Мост, Ангелов.

Двојници на кандидатските листи

Размери на афера добива втората изборна дубиоза, малата и безначајна партија СДПМ, кандидираше со идентични имиња двојници за фаворитските имиња на опозицискиот СДСМ. Шеќеринска, Ивановски, Макрадули, Заев, Манасиевски, добија двојници со речиси исти имиња и презимиња. Кога новинарите проверија кои се двојниците, се востанови дека некои од нив се на возраст од над 67 години, други јавно велат дека ниту дале согласност, ниту знаат зошто СДПМ и лидерот Јаневски ги ставил на пратенички листи. Опозицискиот СДСМ побара МВР да ја испита манипулацијата со личните податоци и сомневањата за изборен фалсификат.