1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Предадени Нобеловите награди

Шведскиот крал Карл Густав 16-ти синоќа во Стокхолм ги предаде Нобеловите награди за медицина, физика, хемија и економија. Претседателот на шведскиот нобелов комитет и познати стручњаци ги истакнаа големите достигнувања на наградените кои го проширија знаењето за целиот свет.

Вангари Матаи

Вангари Матаи

Претходно, во норвешкиот главен град Осло, на Кенијката Вангари Матаи и беше доделена Нобеловата награда за мир. Гостите во градското собрание на Осло, меѓу нив и норвешката кралска двојка и познати политичари од Африка, со овации ја поздравија добитничката на годинашнава Нобелова награда за мир. Вангари Матаи мисли глобално, а дејствува локално, изјави претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Оле Данболт Мјес говорејќи на Свахили, и и се заблагодари на 64-годишната Матаи за нејзиниот ангажман за демократија, човекови и за правата на жената:

“Првата африканска носителка на Нобеловата награда се вбројува во листата на исклучителни борци за мир и демократија, но Нобеловиот комитет се реши да го истакне еколошкиот апсект". Добитничката ја сумираше својата 30-годишна битка:

“Не е можен мир без праведен развој. Не е можен развој без одржување на економијата на природата во демократско и мирно опкружување. Посебно се заблагодарувам од името на африканските девојки и жени. Се надевам мојата награда ќе ги охрабри да го дигнат својот глас за да бараат повеќе учество во сите аспекти на животот“.

Од 1950 до 2000 Кенија загуби 90 насто од шумските стебла. А, стеблата значат, сенка, дрва за греење, храна за животните, заштита од ерозија – значат живот. Матаи во 1977 го основа движењето “Грин белт мувмнт“ кое оттогаш засади 30 милиони стебла, а нејзината порака – заштита на животната средина, демократија и мир, се пренесе врз други 20 африкански држави.

Во Стокхолм, на традиционално многу попомпезната церемонија со присуство на кралската двојка, беа предадени наградите за физика, хемија, медицина и економија. Претседателот на Шведскиот Нобелов комитет, Бенгт Самуелсон со следниве зборови:

“Денес кога ги предаваме наградите за 2004 година, се сеќаваме на Алфред Нобел и неговиот визионерски тестамент. Наградените го прифатија неговиот дух и значително придонесоа за доброто на човештвото“.

На носителката на Нобеловата награда за литература Елфриде Јелинек, која не поднесува собири со голем број луѓе, наградата ќе и биде врачена на 17 декември во шведската амбасада во Виена.