1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Преголемата брзина - причина за несреќата во Шпанија?

Стравотната железничка несреќа во шпанската провинција Галиција со 78 загинати веројатно е предизвикана од преголема брзина. Еден од двајцата машиновозачи признал дека возот се движел со 190 километри на час.

Според весникот „Ел паис“ еден од машиновозачите признал дека возот се движел со брзина од 190 километри, наместо максимално дозволената брзина во кривината, 80 километри на час. Оваа изјава тој ја дал во разговор со железничката станица, додека се‘уште бил заглавен во машиновозачката кабина. Дали изјавата била дадена во шпк, не е познато. Во возот биле двајца машиновозачи, кои несреќата ја преживеаја речиси неповредени. Весникот објави видео кое ја покажува железничката несреќа. На него се гледа како возот со голема брзина влегува во кривина, а потоа како првиот вагон искокнува од шините, а по него целиот воз со останатите вагони.

Шпанското железничко претпријатие Ренфе соопшти дека возот, кој од Мадрид се движеше кон градот Ел Ферола, вчера утрото бил подложен на техничка инспекција, при која не биле констатирани никакви технички дефекти.

Spanien Rajoy an der Unglückstelle 25.07.2013

Маријано Рахој во посета на местото на несреќата

Во несреќата во близина на Сантјаго де Компостела, омилена цел на верниците-аџии, синоќа загинаа најмалку 78 лица, а околу 140 патници се повредени, од кои дваесет се во тешка состојба.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска го посети местото каде што се случи несреќата, во близина на инаку неговиот роден град, Сантијаго де Компостела. Провинцијата Галиција прогласи седумдневна жалост, а шпанскиот крал Хуан Карлос и престолонаследникот ги одложија сите активности планирани за денеска.

Организаторите на Светското првенство во водени спортови, кое се одржува во Барселона, пред почетокот на денешните натпреварувања со едноминутен молк им оддадоа почит на настраданите.