1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Преговори за статусот на Косово

*

Во Брисел е во тек средбата на врвни политички претставници на Србија и на Косово со членовите на таканаречената “тројка”, составена од претставници на ЕУ, Русија и САД. Косово никогаш нема да биде независна држава, нагласи српскиот премиер Воислав Коштуница на маргините на средбата во Брисел. Европските дипломати се скептични во однос на можноста за приближување на дијаметрално спротиставените позиции во рамките на барањето решение за идниот статус на досегашната српска покраина. Косово, кое сега е под управа на ОН, стриктно се стреми кон независност и не го прифаќа понудениот автономен статус.