1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Преговори за Косово

*

Во Виена во тек е третата рунда директни преговори меѓу Белград и Приштина во врска со идниот статус на Косово. Српскиот преговарачки тим поднесе предлог за 14 принципи за продолжение на преговорите. Во документот се предлага Белград, Приштина и меѓународните преговарачи да бидат обврзани да се воздржуваат од било какви еднострани потези. Во него се вели дека нема враќање на состојбата од пред 1999-та година и дека идното уредување на Косово треба да се реши врз основа на резолуцијата 1244. Србија нема да управува со Косово во делокругот на надлежности, кои врз основа на договор би и’ припаднале на покраината и нема да се меша во односите на Приштина со меѓународните финансиски институции, освен во мера на своите меѓународни оврски како субјект на меѓународното право.